Кога вашиот партнер е под стрес и двајцата страдате. Тој е молчелив, не сака да се задева, а уште помалку сака да ги соблече панталоните за да го задоволи вашиот сексуален апетит. И што да правите тогаш? Нормално ќе барате начин да го расположите за да ја избегнете пустината во врската.
За оваа тема решивме да се обратиме кај некој поуспешен. Таргет група ни беа жените со успешен брак чие искуство несомнено ќе ви послужи. Прашањето што го поставивме беше едноставно: „Кој трик го користевте сиве овие години, кога вашиот сопруг ќе си дојдеше дома нерасположен"?
МАСИРАЈТЕ ГИ НЕГОВИТЕ УМОРНИ СТАПАЛАСите се луди по масажата за стапала, но никој не сака да ви го пружи таквото задоволство. Таквиот факт мојот сопруг многу добро го знае и затоа секогаш се весели кога ќе му кажам дека вечерта заслужил масажа. Но финтата не е само малку да го стиснете и да го залажете. Земете корито, ставете топла вода, миризлива купка и тријте ги стапалата. Лилјана 42