
Работите нормално се сменија, откако гласот на мојата малечка ја уби морбидната тишина. Тогаш ми стана јасно...ни фалело детенце.
Растев во големо семејство, три сестри и двајца браќа. Гледајќи ја мајка ми, мајчинството стана мој идеал. Додека моите сестри сакаа да избегаат во градот, јас сакав вечно да си останам во топлата семејна куќа на село. Бев многу поинаква девојка од другите на моја возраст. Сите ми даваа години плус поради мојата сериозност, а најмногу се чудеа што наместо да играм по ливадите со нив, јас сакав да научам да готвам и да плетам. Како денес паметам колку бев тажна кога мајка ми ни кажа дека куќата во Скопје е при крај и дека пред да падне големиот снег ќе се преселиме.
Градска бучава, многу луѓе, а ни траг од чистиот планински воздух. Често се чувствував празно, можеби дека и друштвото во училиштето не ми годеше. На еден голем одмор, додека појадував сама како и обично, ми пријде сегашниот сопруг. Веднаш си помислив дека ќе почне да ме задева за селското руменило, бидејќи обично така ме задеваа момчињата. Но, тој културно седна до мене и почнавме да разговараме, а јас се заљубував со секој разменет поглед.
Неговото семејство беше од современ тип, барем јас така ги гледав бидејќи само современите луѓе имаа по едно дете. Живееја во зградите кај Градски ѕид, се сеќавам колку ми изгледаа големи кога ги видов за прв пат. За чудо, неговите веднаш ме засакаа. На шега ме викаа Германка, поради моите впечатливо сини очи и руса коса. Со сопругот буквално созреавме на нивниот теписон со реси спружен во дневната соба. Заедно се запишавме на факултет, а тоа ни беше омилено место за учење, но и за разменување бакнежи кога неговите ќе заминеа на спиење.
После 6 години заедно, време беше врската да ја пренесеме и на лист хартија. Направивме свадба и веднаш се вселивме во проклетата куќа на Водно. Да, јас бев променета...работев за голема компанија, патував низ светот, но приватниот живот не сакав да има никаква врска со елита и бизнисмени. Копнеев по топлината што ја чувствував како дете. Куќата во која почнавме да живееме немаше никаква врска со мојот карактер и желби. Се чувствував како птица заробена помеѓу белите ѕидови и современиот мебел. Местото немаше душа...буквално се плашев да останам сама.
Работите нормално се сменија, откако гласот на мојата малечка ја уби морбидната тишина. Тогаш ми стана јасно...ни фалело детенце. Колку само бевме среќни со сопругот. После тоооолку време имав чувство дека се вратив на вистинскиот пат. Семејството отсекогаш беше мојата најголема желба, а сега кога го имав се сметав себе си за најсреќната и најмоќната жена на светот. Успесите на работа не ми значеа ништо во споредба со прегратката на моето чедо...всушност не верувам дека некоја мајка поинаку се чувствува, но во тоа време јас мислев дека сум единствена.
И сега си велите што има толку посебно во приказнава, нормален живот на двајца млади со дете. Колку се би дала да беше така...подобро да умрев или да се мачев со некоја болест цел живот, само да не го доживеев тоа што ми се случи таа вечер.
ПРОДОЛЖУВА...
На страните на 4-от број на женското списание Unique што можете да го купите на било која трафика во земјата.
.gif)






















.gif)
























