
Љубовта се раѓа со текот на времето без разлика дали се уште чувствувате пеперутки во стомакот или не.
Досадата и караниците не секогаш се лоши страни на бракот. Понекогаш тие можат да бидат и најдоброто нешто што му се случило на вашиот брак. Зошто мора секогаш да одите на одмор со партнерот или да ги избегнувате караниците по секоја цена? Некои правила не се секогаш најдобрите.
Кои правила се вредни за прекршување?
Целосна искреност
Вистината не само што може да боли, туку во некои случаи е и комплетно непотребна. На пример, деталите за вашите бивши дечковци се комплетно непотребни и може да доведе до споредби на минатите и сегашната врска.
Досадата е лош знак
Повремената тишина не е знак дека му е здодевно со вас. Понекогаш е поубаво само да молчите. Тоа е знак на поврзаност со партнерот.
Заљубени до крај
Секако дека заљубеноста која сте ја чувствувале на почетокот на врската со текот на времето ќе се изгуби, но тоа не значи дека сте со погрешната личност. Љубовта се раѓа со текот на времето без разлика дали се уште чувствувате пеперутки во стомакот или не.
Заеднички одмор
Доколку тој сака планинарење, а вие излежување на плажа, нема ништо лошо во тоа да одите на одмор одвоено. Привременото одвоено време е здраво за врската. Ќе се одморите еден од друг, но тоа секако не значи секоја година да одите одвоено.
Не за одвоени кревети
Доколку едниот партнер има проблеми со спиење или пак порано станува, нема причина зошто да ги избегнувате одвоените кревети и различните соби. Добриот сон е важен за здравиот ум и тело, а секако и за бракот.
Не легнувајте скарани
Препирањето кон крајот на денот нема да ве доведе никаде. Затоа попаметно е да преспиете и да размислите изутрина кога главата ќе ви биде одморена и свежа.



















































