lazgoНајзаљубениот маж, најголемиот лажго!
Драма, солзи, демнење, повици, каење, болка, но се испадна дека била опсесивна љубов без позадина.
42-21684080Дали имате секс-пријател???
Станува збор за „мешање телесни течности, додека главата останува трезна"...
sestri4Две сестри, два света, едно срце
Едната беше спремна боса и гола да чекори по јунскиот дождец, а другата ги затвораше прозорците на првата грмотевица.
winterЧеститајте му Нова година...
16 реченици што ќе ви донесат топло срце во следната година.

Пристигна и првата средба со мајка му...


se_smeat_so_majka_mu

Сопругот, после синот се разбира, е вториот по ред најважен маж во нејзиниот живот. Доколку успеете да го освоите него, што ни малку не е тешко, сте завршиле половина работа.

Дали ви се случило, партнерот да ви каже дека неговата мајка сака да ве запознае и дека сака да готви специјално за вас?

Тоа не мора да значи дека утре ќе ви предложи брак, но никогаш не се знае, нели? Можеби тоа му е намерата, без разлика дали ќе се случи тоа порано или подоцна.

 

Секако, не смеете да ја откажете оваа средба, затоа што би било многу некултурно од ваша страна и ќе изгледа како да немате сериозни намери со партнерот.

На пат до неговата куќа вие размислувате за историјата на вашата мајка и нејзината свекрва, вашите пријателки и нивните свекрви...

Но, како ќе ја придобиете свекрвата уште на првата средба?

Секоја свекрва сака кога имате почит кон тие луѓе што одвоиле време да бидат со вас. Затоа, на пример, доколку мобилниот ви заѕвони додека вечерате, едноставно извадете го и исклучете го. Тоа е одличен гест за да покажете дека најпрво ги почитувате што одвоиле време за вас и дека нема залудно да им го трошите.

Вашата независност ќе ја фасцинира. Ова успева и кај двете категории жени, и кај успешните бидејќи ќе ги потсетите на нивната борбеност во младоста, но и кај домаќинките бидејќи ќе ги потсетите на она што отсекогаш сакале да бидат, но им останало сонот да го живеат преку сопствените деца.

Доколку го освоите нејзиниот сопруг, имате еден голем плус. Сопругот, после синот се разбира, е вториот по ред најважен маж во нејзиниот живот. Доколку успеете да го освоите него, што ни малку не е тешко, сте завршиле половина работа.

Она што во никој случај не сака да го види од вас е да се карата со нејзиниот син. Ниту една мајка не сака да види како нејзинит син си има работа со некоја што нема култура. Затоа, воздржете се и сетете се дека жената секогаш го има главниот збор, но кога светлата ќе се изгасат.

Лошото зборување за вашето семејство ќе биде само еден огромен минус за вас. Таа ќе помисли дека сте плитка личност што утре ќе зборува исто и за неа, секако ако воопшто ви дозволи да станете член од нејзиното семејство.

Ви никој случај не смеете да се жалите од вашиот партнер, кој всушност е нејзиниот син. Таа многу добро ги знае неговите слабости и маани, а во овој случај вие воопшто не сте потребна за да го направите големото откритие и јавно да го кажете.

Мајка му очекува да бидете тактична и да покажете дека знаете како да се носите со нив, нешто што таа го правела со години. Ќе заработите плус поени ако испадне дека токму поради вас тој се откажал од одвратната навика да пуши цигари или пак да пие алкохол.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?