
Не треба да забележувате кој повеќе добро направил за бракот. Понекогаш вие треба да бидете подобрата и поголемата личност која ќе направи поголем компромис, иако тоа не го сакате вие.
Секој пат кога се случува нешто во врската што не сакаме, го обвинуваме партнерот. Тој е виновен за сите проблеми што ги имаме, за сите солзи, караници...
Но, треба да знаете дека можеби и вие придонесувате за некои проблеми. Не велиме дека целосно сте виновни, но некоја навика може да предизвика одредени реакции.
Кои навики можат да влијаат врз вашиот брак?
Контролирање
Не треба да контролирате никој. Да не ви го скршиме филмот, но не ни можете да контролирате затоа што ние не сме способни на самите да си се контролираме.
Така само ќе го оттргнете од вас. Се што ви е потребно, бидете нежни и побарајте го од него.
Молк
Доколку постојано молчите и не му кажете што всушност ви смета, нема ништо да постигнете. Кога ќе започнете да си кажувате отворено кои постапки ве нервираат, некои работи ќе се променат.
Компромис
Не треба да забележувате кој повеќе добро направил за бракот. Понекогаш вие треба да бидете подобрата и поголемата личност која ќе направи поголем компромис, иако тоа не го сакате вие. Во брак не сте сами. Тоа го правите за доброто на двајцата.
Сарказам
Сарказмот нема да во донесе до посакуваната цел, туку само ќе создаде бариера помеѓу вас и партнерот.
Секс
Немањето редовно секс многу лошо му влијае на бракот. Не само што нема да имате задоволство, може да го натерате да си најде утеха во туѓа прегратка, а вие сигурно не би сакале да се случи тоа, нели?
Жалење
Дефинирајте ја основата на некој проблем и решете го. Жалењето дека имате проблеми нема да ви помогне и само ќе ве оддалечува од партнерот.
.gif)






















.gif)
























