
Дома сите сомнително нагаѓаа дека Edward е од измамник до ловец на виза.
Lisa Mahon(31) од Witham, Essex која е финансиски менаџер и нејзиниот маж Edward(40) , шеф на продажба, живеат со нивната ќерка Georgia(3) и нејзиниот син Dion(5) од претходниот брак. Двојката е во брак 4 години.
„Се омажив за Edward за помалку од една седмица откога го сретнав. Моите пријатели беа шокирани затоа што никогаш не ме сметаа за избрзана особа.
Се започна во пролетта 2007 година кога се разделив од таткото на Dion. Чувствувајќи се сама една вечер сурфав на интернет и наидов на блогот на Еdward. На него имаше извадоци од неговата поезија и тоа ми изгледаше многу романтично и трогателно.
Видов дека тој е во Atlanta U.S., но сепак му пратив порака со комплименти за неговата поезија. Тој ми врати и започнавме комуникација преку мејл. Наскоро започнавме секој ден да се слушаме на телефон и сфативме дека има вистинска хемија меѓу нас
После 4 месеци Edward ме покани во Atlanta за таму да ме побара за жена. Повеќето од моите пријатели беа запрепастени, но некогаш во животот морате да ги следите своите инстинкти.
Во Ноември 2007 отпатував за Atlantа и веднаш знаев дека ќе имаме одличен живот. Тогаш не го сакав, бидејќи сметам дека за тоа е потребно време, но знаев дека ќе го засакам.
Шест дена по пристигнувањето се венчавме во матично без гости. Брзањето само го направи сето тоа повозбудливо.
Дома сите сомнително нагаѓаа дека Edward е од измамник до ловец на виза. Но вистината беше дека тој беше финансиски сигурен и очајно сакаше да живеам со него во U.S., но не се преселив бидејќи не сакав да го двојам Dion од неговите баба и дедо.
Пет месеци по нашата свадба Edward можеше да се пресели во UK по обезбедувањето на виза за работа. Тој најде одлично платена работа веднаш и нашата ќерка Georgia се роди во Април, 2009 година.
Едноставно тој е најдобриот сопруг и татко кој можев да го посакам. Луѓето кои беа полни со предрасуди на почетокот сега признаваат дека сме одлична двојка".
.gif)






















.gif)
























