
Дизајнерскиот дом и е заменет со скромна куќа на фарма кое е во очајна состојба за поправка, со празни сметки во банка, а идиличните денови се заменети со секојдневна битка за храна.
„Имавме многу пари во банка, не моравме да работиме никогаш повеќе и можевме да си дозволиме се што ќе посакаме. Мислев дека го имам еден од најубавите животи на планетава."- говореше Sally.
Минатото време во кое говори, за денес 49 годишната Sally, укажува на нејзиниот комплетно изменет живот. Сјајниот оклоп сега е на поправка.
Дизајнерскиот дом е заменет со скромна куќа на фарма кое е во очајна состојба за поправка, со празни сметки во банка, а идиличните денови се заменети со секојдневна битка за храна.
Нејзиниот сопруг моментално се наоѓа во институција за рехабилитација во Северна Англија, каде се лечи од зависноста која го уништила неговиот живот, како и животот на неговото семејство. За само неколку години со својата опсесија за онлајн покер Тоny потрошил се што имале, поточно потрошил 1 милион фунти.
Sally била несвесна за фаталната ситуација се додека не налетала на куфер полн со неплатени сметки за кредитни картички. „Побарав објаснување од него, а се што ми кажа е - Изгубивме се".
„За само неколку мигови требаше да прифатам дека животот од соништата ми се претвори во несигурност дали ќе можам да ја платам сметката во локалниот супермаркет за основните намирници."
Тоny отсекогаш работел напорно, поседувал своја фабрика за долна облека и вршел дистрибуција по продавници. „Никогаш немав запознаено некој како Тоny , шармантен и полн со идеи"- го опишуваше Sally. Тој секогаш велел „Чувај ги пените, а фунтите ќе се чуваат сами", таа негова внимателност со парите ја прави поиронична целата ситуација.
Но изолацијата во новата француска средина каде живеевме само неколку години, по многубројните авантури низ светот, го направи Тоny неразделен од неговиот лаптоп.
„По цела вечер беше на компјутер, а истото го правеше и наутро. Му велев дека се чувствувам како самохрана мајка, дека се правам сама на што следеше кавга, но ништо пресериозно. Тој не ја криеше својата љубов кон онлајн покерот, но никогаш не ни замислував дека може да ни предизвика ваков проблем."
„На почетокот од 2009 година Tony ми говореше да се вратиме во Англија да и помагаме на неговата мајка. Не сакав бидејќи децата конечно се сместија и беа среќни, но на крајот попуштив. Сега кога ќе подразмислам сфаќам дека тоа го направи за да подмири некои од нашите долгови со продажба на вилата во Франција."
Направиле договор за наем од 6 месеци, но наскоро им се јавил агентот дека имотот повеќе не е слободен за нив бидејќи не ги исполнуваат точките од договорот. Па така купиле друг помал имот во Франција со план да го реновираат. Но парите наменети за реновирање Tony ги прокоцкал до последното пени и тоа го криел се до едно јануарско утро во 2010 година кога го заборавил куферот отворен во кујната.
„Ги видов сите сметки од неплатени кредитни картички. Имаше огромни суми од 30.000 фунти и не можев да си поверувам на очите. Се изгледаше неверојатно бидејќи знаев дека имаме стотици илјади во банка."
„Тој влезе во собата и го прашав што се случува, тој почна да плаче и во солзи ми одговори дека целиот е за никаде. Дека ништо не ни останало и дека го потрошил и последното пени на покер."
Со еден клик на интернет тој трошел вртоглави суми, се на се околу 1 милион фунти. Во бунило таа ги собрала преостанатите неколку фунти низ домот и купила 3 карти за Англија, за таа и нејзините деца да престојуваат во домот на нејзина пријателка во Cornwall.
„Живеевме во една соба, не беше идеално, но не можев да размислувам правилно". Немала никаков приход, а децата биле веќе осакатени со тоа што им го сторил татко им, па единственото ублажување било да ги врати во Франција во нивните посакувани училишта.
„Тоny ме молеше да му дадам уште една шанса и помислив дека тоа би било добро за децата, да пробаме барем наредните неколку месеци."
Назад во Франција семејството се сместило, Tamara, малата девојка на тато, наскоро му простила, но момчето Dan потешко ја прифатил ситуацијата.
Sally морала да започне да се грижи за семејните финансии, нивната куќа била проценета на одвај 150.000 фунти, на пола од цената по која ја купиле, па така продавањето не било опција со оглед на малиот интерес на пазарот. Во семејството немало никаков приход, па за да сврзат крај со крај Sally работела што ќе стигне, од изнајмување на нивното земјиште до продавање на гардероба од втора рака.
Таа наскоро станала параноична дека нејзиниот сопруг ќе ја прекрши заклетвата да остане на страна од интернетот.
„Се ослободивме од неговиот лаптоп, но децата имаа компјутер, па се плашев дека ако не внимавам постои ризик. Бев напната и параноична поголемиот дел од времето"- изјави Sally.
Но сето тоа со добра причина. Во Февруари Sally се разбудила и се запрепастила.
„Го видов мојот сопруг скриен во шупата надвиснат над лаптоп, кој не ни знаев дека го поседува. Се зачудив како нашол пари, а тој ми рече дека неговата мајка му дала 1.000 фунти за да ни помогне. После се што ни стори, ова беше финалниот удар. Бев тотално разочарана. Него очајно му беше потребно помош за неговата зависност. Не можев да му верувам никогаш повеќе и знаев дека бракот ни е завршен. Му реков да си замине, но тој одби."
Решена да го среди проблемот Sally пронашла институција за рехабилитација во Северна Англија, основана од добротворни прилози.
„Му поставив ултиматум- Или да оди на третманот или ќе ги земам децата и ќе заминеме некаде каде што нема да може да не пронајде. Дури тогаш тој сфати колкава штета направил."
Конечно успеало на почетокот од Март, Tony конечно заминал за Англија на четири месечен престој. Неговата сопруга не знаела дали тоа е доволно за да ги истера неговите демони, но едно било сигурна, дека нивниот брак е завршен.
„Да бидам повторно со него е како да си вперам пушка во главата и да го повлечам чкрапецот. Не можам да живеам во страв и несигурност и не сакам да им предизвикувам дополнителен стрес на децата"- ја привршуваше Sally својата потресна животна приказна.
За сега таа оди чекор по чекор. „Најважно ми е моите деца да имаат покрив над главата и храна на масата. Тие се мојот благослов без разлика што сум многу далеку од оние денови кога говорев дека имам еден од најубавите животи на планетава."
.gif)






















.gif)
























