
Добрата девојка е нежна несигурна фиданка која постојано има потреба од заштита.
Го привлековте со лудилото, но најверојатно ќе мора да го задржите токму со спротивното – смиреноста. Ви звучи нелогично, помалку чудно и повеќе досадно. Токму он беше тој, кој само пред неколку месеци, се залепи како пијавица за вас од првиот пат кога ве виде како го движите своето тело на забавата во тоа кафуле.
Дали се плаши од конкуренцијата која може да се јави за една моќна жена или пак едноставно мажите на долг рок сакат добри девојки се уште не знаеме. Но сепак да видиме кои се нивните предности и зошто понекогаш можеби треба да бидеме за нијанса поотворени кон вакви промени.
- Добрата девојка знае да љуби со сето свое срце и во тие мигови тој е единствениот маж на кој може да помисли, а камоли да посака да го бакне.
-Затоа тој има доверба во неа и не го демне опасност дека таа ќе го изневери или ќе го замени во иднина со некој подобар од него, затоа што таа воопшто не ги зема предвид останатите опции. Тој е нејзиниот прв и последен избор.
- Пред него немала многу или пак немала ниту еден друг сексуален партнер. Неговите сексуални перформанси во креветот се најдобрите, а тоа е нејзиниот Казанова.
-Тој можеби не е доволно добар или надарен, но во нејзините очи се чувствува супериорен учител кој одлично ги владее сите пози од camasutra.
- Добрата девојка знае да готви, чисти, а средувањето на неговиот кревет и претставува вистинско задоволство. Таа ќе пере, пегла и мие садови, а тој нема да мора да учествува во овие „женски“ работи и единствената обврска ќе му биде да носи пари во куќата.
-Ако ја земе оваа девојка за жена тој никогаш нема да мора да престане да биде нежното мамино синче кое секогаш има топло зготвен оброк, поставена маса, а супата и салатата пред ручекот се неизоставен дел.
- Добрата девојка е нежна несигурна фиданка која постојано има потреба од заштита. За секоја своја одлука го прашува него, за секој купен пар чевли нему му поднесува извештај, па дури и дали да купи 1 или 2 леба не може да одлучи сама.
-Тој ужива во оваа дадена моќ и со секоја пресечена одлука, без разлика дали се работи за најбаналната работа на светот, тој ја потковува својата машкост и станува горд мажјак без кого неговата партнерка не би се снашла во овој суров свет.
- Нејзината психа не е доволно поткована со бројните комплименти од поранешните момчиња, бидејќи нивниот број е сведен на минимум, па така тој во секое време може да ја обликува според својата желба и замисла. Еден лош коментар излезен од неговите усни може да и ја расипе вечерта.
-Должината на фустанот, бојата на косата, па дури и килограмите ги диктира тој и си прави свој замислен модел на идеална жена. Што тој сака од неа, го зазема приматот пред, што таа сака од себе!
.gif)






















.gif)
























