
Нема да го промените само вашето презиме – ќе добиете поинтензивно чувство на сигурност, посветеност, мир и љубов што постојано ќе се продлабочува.
Изненадување бр. 1: Неколку килограми плус.
Додека тој клечеше на едно колено, вие размислувавте за тоа колку треба да ослабете. Се фрливте на диета веднаш штом тој ви го стави свршеничкиот прстен на раката, и со многу, многу труд успеавте да ја постигнете посакуваната тежина за денот на свадбата. Но, во повеќето случаи диетата за невестите завршува уште на првата брачна ноќ, од едноставна причина што си даваат дозвола да уживаат во новиот живот и во храната што доаѓа со него. И тоа е во ред, но сe што е многу, горчи. Затоа, по 18 часот наместо хамбургер, порачајте салата.
Изненадување бр.2: Неколку пријатели минус.
Кога бевте сингл, имавте цело племе пријателки. Сега, кога сте во брак, некои од нив мистериозно ќе исчезнат освен ако не ги поткупите со добра пијанка барем два пати месечно. На некои нема да им се допадне тоа што секој свој чекор го пријавувате кај сопругот, други ќе мислат дека сте станале здодевни затоа што домашните обврски ви го убиваат еланот за журкање. Сепак, нема простор за грижа; вашите најдобри пријателки ќе останат покрај вас доколку го пронајдете вистинскиот начин да ги задржите.
Изненадување бр.3: Сексот станува споредна работа
Вашиот меден месец беше толку возбудлив што тој би го искористил за сценарио на еротски филм. Но, од „секс“ нема ниту „с“ веќе цела недела, а вие речиси и не забележавте колку време помина без да размените трошка нежност помеѓу чаршафите. Што да преземете? Ништо. Кога живеете во заедница со партнерот нормално е некои денови да сте порасположени за перење садови, отколку за милување во креветот. Добрата вест е тоа што со време, брачните двојки имаат повеќе и подобар секс од оние кои водат разуздан живот без обврски.
Изненадување бр. 4: Две плати како една
Сигурно ви е позната теоријата дека ќе имате двојно повеќе пари кога ќе почнете да живеете заедно. Вистината е... сето тоа е илузија. Ќе имате две плати, но и ќе трошите двојно повеќе. Старата гарнитура од вашите родители можеби ќе ви заврши работа на одреден период, но нема да помине многу пред да посакате да вложите во нов мебел. Не паничете, во првата година од бракот ќе потрошите големи суми, но се работи за инвестиции што ќе ви се исплатат со децении.
Изненадување бр.5: Светот изгледа како подобро место
Бракот е потврда за вашата љубов и желбата да останете заедно засекогаш. Нема да го промените само вашето презиме – ќе добиете поинтензивно чувство на сигурност, посветеност, мир и љубов што постојано ќе се продлабочува. Сигурно се поддржувавте еден со друг и тогаш кога бевте во врска, но бракот е заеднички предизвик кој треба силно да го зграбите.
.gif)






















.gif)
























