vulkan3Време е за емотивно празнење!
Плачете и врескајте во миговите кога така чувствувате и гушкајте ја перницата од осаменост во ноќите.
vera7Срцето не познава вера
Секој вера има кралица, има жена, вистинска домаќинка, која одгледала момче достојно за љубов!
kompatibilni_ne_vo_krevetТој е супер дечко, но...
Компатибилни за на вечера, но не и за во кревет!
srcevidna_bonbonieraПриказни за љубовта
Дали и вие верувате во овие приказни за љубовта?

Мудроста на баба ми во 4 реда

baba3

„Ама ти шетај, на 50 години нема да ти се шета, а на 70 години нозете нема да те држат.“

Седнати во дворот на благото априлско сонце 2 жени кои помалку си наликуваат, но ги делат педесетина години и стотина светови меѓу нив си ги раскажуваат животните мудрости или подобро кажано едната ја учи другата. Вие го впивате секој збор од вашата баба, а таа со секој нареден ви пренесува одново и одново години искуство, денови болка, денови радост, а наедно непроценлива животна мудрост.

Родена во минатиот век таа е сведоштво за минатите времиња, тогашниот начин на живот, но сепак истите борби, двоумења и слатки маки како и денес што ги имате вие. Еве ја мудроста на баба ми во 4 реда:

„Да шеташ внучке, од дома седење фајде нема“

Ви раскажува со милозвучен глас жената која го почувствувала вкусот на животот, оној слаткиот, но и оној горчливиот. Говори за нејзините ноќни „лудувања“ на корзото и на игранките.

Десет часот беше часот кога морав да го поминам куќниот праг, а многу ора на игранката и не беа многу за пофалби. Во прангите на цврстиот патријархат балканската ќерка не смее многу момчиња да фати за рака, за градот да не ја жигоса за „блудница“ и потоа да остане стара мома. Никој не зема жигосана, само чистите моми влегуваа во добри фамилии. Ама ти шетај, на 50 години нема да ти се шета, а на 70 години нозете нема да те држат.

„Да си пробаш, никој фала не ти кажува ако го чекаш сама на игранка“

И бабите имаа симпатии, љубимци... но се што можеа едвај да допрат беше мажот одбран од стројници. Некои со помалку среќа, како нејзината пријателка која налетала на маж со еден тестис и цел живот покрај на брак без љубов била осудена и на живот без деца, некои со повеќе како неа која сепак ја фрлиле во прегратката на добар човек па изродила и деца и внуци и чека од вас правнуци.

Држи го бабе за рака, но кога ќе почувствуваш дека тој е вистинскиот да си пробаш, да си видиш затоа што и тоа е важно во животот. Не како нас слепци што не држеа. Пробај си, види си, уживај си ама не менувај многу!

„Домаќинка да бидеш, преку стомакот до срцето“

Да си готвиш... Средена трпеза со топол ручек, со супа, па и салата е внимание за мажот. Заслужил тој, работел цел ден, можеби си работела и ти ама сепак жена си, работа ти е. Зготви ручек, а тој ќе исцепи дрва. Модерните времиња ве заведуваат по ресторани, брза храна и слично ама сепак богатата трпеза е симбол на хармонична, здрава фамилија со цврсти меѓусебни врски.

„Децата да си гледаш, куќата да си чуваш ама и фризура да си правиш“

Домаќинка да се биде е важно, но и да се биде убава за него е важно.

Да го заведуваш мажот, а не да потпишеш во матично и да заборавиш на карминчето. На свежо да му мирисаш, на убаво да го асоцираш, на „грев“ да го тераш зошто маж ти е и таква е брачната обврска.

Денес по швалерки тргнаа, ти биди му и дама и домаќинка, и жена и швалерка,  и скромна и развратна, но само негова. Чувај го мажот, слушај го, маж е тој!




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?