adam2Од невин флерт до Адамов грев?
Цел ваш грев се сведува на невин флерт, спонтани разговори и неминовни насмевки.
winterЧеститајте му Нова година...
16 реченици што ќе ви донесат топло срце во следната година.
nauciv3Се што научив за врските....
„Потребен ти е човек со различен темперамент од тебе за да има кој да балансира.“
nesakaШто кога ве одбива за секс?
Ретко имате секс, а вие никако да престанете да го барате проблемот во себе!

Лош секс + добар брак?

brak4

Да, сега сте во врска и не ви е крај на светот ако жртвувате неколку оргазми, но што ако тоа треба да трае цел живот.

„Лошиот секс беше одлучувачки фактор за распад на два од моите три брака“ се зборовите на актерката. Ким Катрал. Со оглед на нејзината улога во филмот Sex and the city може на миг и ќе помислите дека таа е сексуален предатор и не е најдобриот пример по кој може да се водите, но сепак таа во приватниот живот е убава, исполнета жена со своја успешна кариера.

Тој е партнерот кој одамна го баравте, а совршено се вклопува во вашата девојачка желба за убав, добар и паметен маж со кој ќе го поминете остатокот од животот. Но после почетничкиот меден занес откривте дека тој не е добар љубовник.

Се труди околу вас, но никако не успева целосно да ве задоволи во креветот. Кон него чувствувате љубов, но од сексуален нагон и желба да го зграбите повторно, ни траг, ни глас.

Дали совршената хармонија на вашите карактери и заедничките гледишта на животот се доволно за вашиот сексуален живот да биде жртвата? Дали духовното задоволство ќе може да го надополни физичкото незадоволство?

Да, сега сте во врска и не ви е крај на светот ако жртвувате неколку оргазми, но што ако тоа треба да трае цел живот. Дали ќе бидете доволно храбри да се одречете од страста и да оддолеете на егзотичниот Шпанец кој го запознавте на последниот семинар од работа?

Можеби токму сексот е 51 процент од она што е потребно за добар брак. Затоа што редица кавги и реки негативна енергија можат понекогаш да се затворат со една добра партија секс. Друг пат пак после целодневните обврски околу работата и децата сексот е оној издувен вентил кој ви е неопходен за насмевка на вашето лице во текот на следниот напорен ден.

Според едно истражување кај двојките во Теренгани, североисточна Малезија кои се во брак помалку од пет години лошиот секс е една од главните причини за големиот број разводи. Најголемиот дел од оние кои се на работ на разделба на брачните советници им кажале дека предвидливиот секс е главната причина за нивниот развод.

Но од друга страна и да немало проблем во сексуалниот живот во текот на врската тоа може да се јави по стапувањето во брак. Американските научници во едно истражување заклучуваат дека паровите пред да стапат во брак имаат секс повеќе од 4 пати неделно, а во бракот тоа се намалува само еднаш неделно.

Застрашувачи е фактот што има и двојки кај кои сексот не е на дневен ред. Според анкета на The New York Times, 15 проценти од двојките немале секс во последните 6 месеци до година дена.

Дури 79 проценти од паровите пак велат дека повеќе преферираат да се наспијат навечер, отколку да водат љубов, а седум од десет испитаници тврдат дека би имале повеќе секс ако нивниот парнер се труди повеќе.

Опуштеноста и помалата грижа за својот изглед по ставањето бурма на раката и економските фактори, како невработеност, неплатени сметки, мал семеен буџет, го убиваат сексот, љубовта и се останато во една брачна заедница.

Немањето адекватен сексуален живот во бракот ја заведува овдешната раја во канџите на неморалот, едновечерните сексуални авантури надвор од брачниот кревет и постојано зголемување на процентот на неверства од страна на двата пола.
Дали и сексот треба да се стави на листата на приоритети при изборот на животен сопатник или сепак по цена на добриот секс би го задржале партнерот кој има се останато?




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?