
Сведоци сте на статистиките и големиот број на жени кои му простиле едновечерна авантура на својот сопруг.
Неверство, да се прости или не? Ова е страшна дилема пред која ретко која девојка би посакала да се најде, но животот не прашува за дозвола и потпишано одобрение за да ве стави пред ваков тест.
Секоја врска, па и секој брак го демне ризикот од неверство од било која страна. Несигурноста на партнерот, импулсивноста, или незадоволените потреби се само дел од листата на причини за неверство која продолжува до недоглед.
Што би простиле?
Кога ќе се запрашате, што полесно би простиле неверство во врска или неверство во брак?
И повеќето од вас како од пушка ќе одговорат неверство во врска. Тоа ви изгледа како полесна варијанта, бидејќи бракот е веќе запечатена институција со потписи, печати и брачни завети пред бога.
Но ако подзастанете за миг и рационално размислите ќе сфатите дека вистината е друга. Сведоци сте на статистиките и големиот број на жени кои му простиле едновечерна авантура на својот сопруг.
Неверство во брак
Еден брак бара труд и пожртвуваност на моменти, а жртва да биде вашата гордост и его, по цена на зачувување на вашиот дом и среќата на вашите деца, сигурно не е преголема цена да се плати. Тогаш веќе не говорите „јас“, тогаш го носите товарот на „ние“.
Нешто што се градело години и години зар вреди да се сруши за една афектна ноќ на вашиот непромислен сопруг?
Помислете што ќе правите ако само ги спакувате своите куфери и заминете. Колку насмевки ќе украдете од лицата на вашите деца и колку мечти за тато и мама ќе им донесете во ноќите.
Да, болно е и мислите дека ви се срушил сиот свет, но вие сте доволно силна жена која на плеќите може да поднесе дури и повеќе. Затоа станете, исправете се и соберете ги парчињата на кои вашиот сопруг ги распрсна последните 20 години заеднички живот, љубов и хармонија! Ако во неговите очи видите покајание, тогаш вреди да се обидете да му простите.
Од мали нозе ве учеа за прошка, па така дури и вашите родители ќе ги направите среќни со научената лекција. Но доколку тој не се покае за своите дела или го стори ова злодело повеќе од еднаш, тогаш заминете си од овој „непокајаник“ со кој животот би ви бил само несигурност и страв од ново неверство.
Неверство во врска
Да се замине од една врска е многу полесно.. За него не ве врзува ништо друго освен љубовта.
Но дали вреди да простувате и да се борите за единственото нешто кое тој несвесно го стави под знак прашалник. Дали ве сака доволно, кога во првите неколку години, најслатките од врската, кога во цутот на вашата љубов почувствува потреба од друга жена? Ако вие не сте му доволна кога хемијата е уште свежа, што останува тогаш за после 15 години кога ќе му бидете нешто видено, комплетно познато, па и помалку привлечно од сега?
При неверство во врска полесно е да заминете и таму некаде да најдете некој кој вистински ве заслужува, но во брак кога веќе сте го кажале судбоносното ДА значи сте почувствувале дека тој е вистинскиот од сите тие, а за него верувајте вреди борбата!
.gif)






















.gif)
























