
Како преку ноќ на нејзиното лице да се појави насмевка, но оваа поинаква од обично, целата таа блескаше, професионалните успеси се нижеа од ден на ден.
Имаше маж, имаа љубов, имаа детенце, имаа добра финансиска ситуација.... Ќе си помислите, имале се. Но не беше така! Таа беше и насмеана и ведра, но како да имаше некоја празнина во нејзиниот дух и тело.
Успешната студентка
Еднаш одамна беше меѓу најдобрите студенти, имаше просек на завидно ниво, а нејзиниот капацитет и интелигенција никој не ги ставаше под знак прашалник.
Но животот го покажа нејзиниот пат или љубовта пресуди, таа стана домаќинка.
Имаше краткотрајно работно искуство, но потоа како некој да го потхрани нејзиното его, а тоа порасна до плафонот и секоја наредна работна понуда за неа веќе не беше доволно добра.
Современа домаќинка
Времето поминуваше, таа зема неколку дополнителни курса и ја поткова својата факултетска диплома, но сето тоа остана закачено на ѕид како спомен за успесите од минатите времиња.
После многу одбиени просечни понуди за работа, неуспешни интервјуа во највисоките институции, конечно се отворија и нејзините порти за професионални успеси. Конечно доби шанса каква што одамна посакуваше во една реномирана компанија од нејзината струка.
Нов блесок
Како преку ноќ на нејзиното лице да се појави насмевка, но оваа поинаква од обично, целата таа блескаше, професионалните успеси се нижеа од ден на ден затоа што за неа веќе одамна се знаеше дека е девојка која има што да понуди. Одењето на работа, контактот со колегите и новите обврски во нејзиниот живот беа благо добредојдени, а нејзината среќа стана комплетна.
Довчерашната домаќинка во 21-от век стана комплетна, исполнета жена со среќен брак и детенце, но и професионално реализирана. Е сега е цело, кога има се.
.gif)






















.gif)
























