
Почетокот розов нормално, но како поминуваше времето овие две крајности не можеа да најдат заеднички јазик.
Таа беше динамична девојка, сакаше да го зграби секој миг и да ужива во животот. Се бореше си сите сили да се реализира на сите полиња, а понудените шанси ги зграбуваше без да праша за дозвола.
Тој беше по малку флегматичен дечко, за се во неговиот живот имаше време, веруваше дека ќе биде, а од работите, кои му изгледаа невозможни, веднаш креваше раце. Имаше се овој дечко, но му фалеше најважното, она на кое секоја жена паѓа, искрата за животот.
Неговите очи не жареа и палеа да биде најдобар на работното место или било каде, се задоволуваше со просечноста, иако беше навистина исполнителен работник и добар човек. Лудите ноќни проводи и пијанките за него не беа симбол за добра забава, повеќе би уживал во една добра вечера или пак да се склопчи во својот кревет уште во 22 часот.
Таа креираше спомени, а секој миг поминат тонејќи во досада и беше изгубено време, за разлика од нејзиниот партнер, кој уживаше во топлината на својот кревет дури и по 12 часа понекогаш.
Судир на карактери
И најверојатно токму сите овие разлики, направија нивните различни карактери да се судрат и во врската. Почетокот розов нормално, но како поминуваше времето овие две крајности не можеа да најдат заеднички јазик.
Таа секогаш спремна за излегување или за седење до доцна во ноќта, а тој веќе на полноќ се предаваше на сонот, дури и кога беше кај неа на гости. Монотонијата ја убиваше однатре, но сепак не падна во искушение да заврши во прегратка на друг маж да си го направи животот позабавен, затоа што него навистина го сакаше.
Тој постојано под притисок да живее со 300 на час, темпо на кое не е навикнат и на различни барања од нејзина страна.
Различни и во расправиите
Дури и кога се жолчно се расправаа тоа го правеа на сосема различен начин. Таа со сета своја енергија, со очи полни солзи, но и инаетот и тврдоглавоста кои и ги даваше самоувереноста му објаснуваше до истоштување се што и смета кај него. Упорноста ја правеше ѕверка.
Тој пак на секој нејзин приговор одговараше со негодување, а секоја нејзина монодрама завршуваше со игнорирање. Ретко прифаќаше нешто од она што ќе го чуе, а пак таа од него не слушна ниту една жалба, ниту една поплака.
Тој никогаш не кажуваше отворено што мисли и чувствува, единствено што го издаваше беше тресењето на ногата неконтролирано, што не беше вообичаено за овој смирен човек, и згрчените мускули на лицето. Сето тоа оддаваше дека и тој ја сака и дека се нервира за секоја нивна расправија, но зошто како мачката да му го изела јазикот?
Куп нерешени проблеми
Молчеше одново и одново, нивната врска само се гушеше во нерешените проблеми, сега беше судбоносниот миг дали конечно ќе ги отворат срцата и ќе направат жртви еден за друг? Дали ќе ги послушаат очајните крици за помош на партнерот и дали овие плус и минус ќе станат хармонична целина нераздвојна за целиот живот?
Дали таа ќе биде огнот, а тој водата која ги смирува страстите и заедно ќе тлеат години потоа? Или пак тој ќе го фати погрешниот пат на молк, игноранција и неподготвеност да се бори за врската?
Ако и овој пат остави на судбината, значи не ја сакал доволно за да се бори, не ја заслужува девојката која душа даваше за него!
.gif)






















.gif)
























