
Компромисот е решение речиси на сите брачни проблеми.
Подготвени сте целосно да се предадете во име на љубовта која ќе биде темел на вашата брачна идила. И кога некој ќе спомне брак, првата асоцијација ви е дека тоа е официјален доказ на љубовта, и се разбира дека ви се познати клучните зборови за овој поим.
Компромис, поддршка, заедничка одговорност-поделени обврски, но релноста ќе ве освести дека е подобро секојдневните проблеми да ве начекаат подготвени. Тоа немора да значи да знаете перфектно да ги извршувате сте домашни работи или целиот товар да го земате на свој грб, но треба да бидете подготвени да се соочите со типичните брачни караници.
Верувале или не, истражувањата покажуваат дека најдлабоките брачни конфликти потекнуваат од навидум најситните и најапсурдните нешта во секојдневното заедничко живеење. За што се најчестите караници во бракот?
Зарем не сте биле сведок на исповедите на штотуку мажената пријателка која не разговарашесо мажот само затоа што тој не го исфрлил ѓубрето навреме. Од страна ви звучи толку површно, дури смешно, но во брак секојдневните ситници можат да прераснат во сериозна основа за караници.
2 минутна обврска , ваш дводневен конфликт
Статистиката покажува дека најчести причини за брачните конфликите се следниве:
35 % од паровите се расправаат за расфрлана облека по домот
28% за тоа кој да пазарува
24% за неизмиените садови
17% за неисфрленото ѓубре
12% за ненаместениот кревет
Било која од овие 2 минутни обврски може да иницира кревање на косата дури два дена.
Исто така застрашувачки е фактот на статистиката за брачниот живот која покажува дека, во просек, брачните парови се караат по 12 минути дневно, што изнесува околку година и половина од вкупниот заеднички живот.
„НЕ“ за непријателите на брачната заедница
Овие караници всушност се најголеми непријатели на вашата брачна заедница.
Потрудете се да пронајдете сила за да одговорите на предизвикот брачен живот без секојдневни конфликти за банални работи. Во тоа ќе ви помогне љубовта без услови и резерви и отворениот раговор за работите кои ви пречат. И не заборавајте дека компромисот значи дека на разбирањето со разбирање се возвраќа! Откријте ги тајните на среќниот брак!
.gif)






















.gif)
























