
Вашиот татко на тркалезната маса пред вас ги фрли отворено сите лица на бракот, дури ни сексот не остана како ас во ракавот.
Неговата седа коса ви е повеќе од доволен доказ дека зборовите кои ги кажува стојат на цврст темелник, каде искуството се тулите, а животната мудрост бетонот. Еднаш одамна тој знаеше како да ја избере вистинската животна сопатничка за себе, а денес сака и вам да ви помогне во тој избор, но не со наметнување, туку само со благи совети кои на вас останува дали ќе ги прифатите.
Во миговите на заљубеност кога тој ви ја говореше реалната ситуација, која вие ја гледавте преку розови очила, сигурно многу пати му се налутивте и спротивставивте, но длабоко во себе секогаш знаете дека денови од сега ќе му благодарите за сите добри намери.
На тркалезната маса пред вас ги фрли отворено сите лица на бракот, дури ни сексот не остана како ас во ракавот. Ви ја раскажа животната приказна на пријателите, тажни и среќни судбини на брачните парови околу вас, кои до овој миг ги гледавте со очите на невино дете, кое го знае само она што му се сервира.
Кога завесата беше потргната, а на површина излегоа задкулисните игри на многу од тие брачни сопружници се изгледаше поинаку!
Мрзеливиот
Повеќе не го гледавте со исти очи тој некогашен ваш најмил „чичко“ за кој денес дознавте дека цели 20 години живее на грбот на својата жена. Таа напорно работи во 3 смени, а тој е господар на семејниот буџет што во овој случај би бил нејзиниот, бидејќи единственото добро за семејниот дом од него е само куќата во која живеат, која сепак не е негова заслуга, туку е плод на потта и вредните раце на неговиот татко.
Несозреаниот
Никогаш повеќе не го гледавте исто тој мирен човек, кој ви изгледаше како еден од најдобрите можни сопрузи на светот. Но тој длабоко во себе секогаш бил и останал она несозреано дете, кое се уште е под закрилата на мајка си. Живее во иста куќа со неа, а нејзините зборови се негова заповед.
Неговата сопруга е немоќна во судирот со оваа старица, бидејќи тој по автоматизам ја фаќа страната на мама. На свои 50 години се уште живее по нејзиниот диктат, а самиот тој е една безгласна буква, чиј глас не го почитува ниту најмалото синче во домот.
Неверниот
Потоа тука беа и приказните за зависникот од адреналин, кој еднаш изневери во младоста уште кога тие двајца беа во врска, а сега го прави тоа во бракот одново и одново. Токму приказната за неверниот сосед ќе ве наежи кога ќе чуете дека ја погази и 5-тата шанса која му беше дадена од страна на сопругата.
Материјализација на љубовта
За ваше изненадување човекот кој ниту еднаш во животот не се постави како материјалист, туку секогаш веруваше во моќта на духовното, сега ви вели дека необезбеденото станбено прашање и тоа како може да удри по вашата љубов и среќа. Со трепетлив глас, загрижен за иднината на својата најмила ќерка, може дури и да ја собере сета храброст која му е потребна на еден татко да ја замисли својата ќерка во такво издание и да ви спомене дека сексот е 50 проценти од бракот, дека после сјајот на заљубеноста и првите проблеми тој останува еден од главните начини за измазнување на работите и ако вашиот партнер не ве задоволува на тоа поле никогаш нема да бидете среќна жена.
.gif)






















.gif)
























