bolce3Перфекционизам до болка!
Често перфекционистите се несреќни, но уште почесто токму тие се оние најуспешните.
faces4Добрината и дрскоста се прашање на заслуга!
Незначајниот патник на поминување во нашиот живот нема да влијае врз нашите чувства.
pay_billsСпасете го бракот од рецесија!
Кога ќе пресметате, разводот ќе ве чини многу повеќе отколку да останете заедно!
jabi1Самоуверена жена за успешни врски
Врските нека ви бидат предизвик, но никогаш нека не го изменат тоа што сте!

Имајте и вие „Twilight“ свадба!

romantik_copy

Филмот се одвива во Pacific Northwest, па затоа и вие како локација за вашата свадбена церемонија одберете парче природа, кое изобилува со шума.

Ако не можете да се задоволите од серијалот Twilight saga, а денот кога ќе стапнете на лудиот камен се ближи, зошто да не направите тематска свадба во која мотив ќе ви бидат вампирите?

Можеби ви звучи морничаво, но ако ги послушате нашите совети верувајте резултатот ќе биде креативен, уникатен и засекогаш запомнет. Ова можете да го направите едноставно преку применување на одредени детали од книгата и да направите драматичен вампирски ефект.

Романтична локација во природа!

Филмот се одвива во Pacific Northwest, па затоа и вие како локација за вашата свадбена церемонија одберете парче природа, кое изобилува со шума. Не само што е ултра романтично, туку е и многу поевтина варијанта од било кој ресторан.

Декорирајте ја локацијата со бели светилки. Церемонијата може да започне доцна попладне, а пречекот на гостите да се одвива токму на зајдисонце, па забавата да трае до доцна во ноќта.

Време е за јаболка!

За настанот користете јаболка, зелени или црвени по ваш избор. Ова е драматичен, но и елегантен детаљ од книгата.

Пресечете ги јаболката и претворете ги во свеќи за убава декорација на масата или ако сте доволно трпеливи дури и изрезбајте ги имињата на гостите во нив, па тие совршено ќе послужат како картички на масата. Исто така поставете кошници јаболка на неколку ќошеви.

Декорација со шаховски фигури!

Шаховските фигури се уште еден детаљ од Twilight серијалот кој можете да го примените на вашата свадба.

На секој гостин дадете му по една црвена или бела фигура наместо бонбонче или дури можете да ги искористите на врвот од тортата наместо традиционалните младоженец и невеста.

Служете црвени пијалаци како крв!

Послужете црвени пијалаци како вино, сангрија во метални пехари. Исто така можете да направите уникатен коктел, кој ќе се базира на сок од црвени портокали.

Поставете многу канделабри!

Декорирајте ги масите со канделабри или користете ги празните шишиња од вино како свеќник во кои ќе протекува стопениот восок од свеќите.

Се нека биде во духот на црвената боја!

Користете ја црвената боја за драматичен изглед на настанот. Црвен кармин на вашите усни, бидермаер од црвени ружи, чевли или лента во вашата коса ќе ја разведрат вашата свадбена тоалета.

Исто така можете да ги облечете вашите деверуши во црвени фустани, но ако сакате посуптилно тогаш бојата на нивните фустани нека биде сива, но со црвени детали.

Додека смртта не не раздели!

Еден од најромантичните аспекти на врската на Bella и Edward е конфликтот на смртноста и бесмртноста.

Кога ќе ги испраќате вашите покани користете зборови како „вечна“, „бесмртна“, „сакана“ итн. Исто така можете да оставите пораки за гостите на столиците со фрази од филмот.

 

NotForMen препорака: Зошто жените почнаа да се палат на вампири?

 

Завети за вечна љубов и вино запечатени во ковчег!

Со вашиот сакан напишете си писма, каде ќе си ветите вечна љубов. Потоа ставете ги во еден дрвен ковчег, каде ќе ставите и шише вино и на крај ќе го запечатите ковчегот со шајка.

Тоа ќе биде вашата временска капсула која ќе ве врати во најубавиот ден од животот, кога ќе ја отворите за време на некоја годишнина или во период на криза во бракот.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?