daleku1Километрите Vs. Љубовта
Тој го купи својот билет и без размислување допатува во вашиот град, да ја види вашата насмевка.
bride_madeВие сама!
Сите другарки ви се венчаа. Сега, што ќе биде со вас?
zena7Учете од најдобрите!
Секојдневни совети од незаборавната дива Marylin Monroe.
luta_sum_tiОдбирајте ги битките, мудро!
Секое несогласување во врската не заслужува двочасовна полемика и докажување кој е во право!

На вашата свадба бидете Алиса во Земјата на чудата

alice

Можете да носите фустан со невообичаена должина под колената или пак во бледо сина боја.

Одамна сонувавте за овој ден и сега сакате да ја имате најзабавната тема за вашата свадба. Ние го имаме најоригиналниот предлог за вас: Бидете Алиса во Земјата на чудата!

Направете го настанот забавен и во најразлични бои како Disney или темен и чуден како во филмот на Tim Burton.

Еве ги нашите идеи како да го креирате овој настан:

Чајници

Поставете огромен број на чајници. Нека бидат во различни форми и димензии, а покрај нив нека има коцки шеќер и долгнавести лажичиња. Еден од највпечатливите моменти од авантурите во Земјата на чудата беше чајанката на Алиса.

alice4

„Изеди ме“ и „Испиј ме“

Закитете ги масите за гостите со предмети кои велат „Изеди ме“ или „Испиј ме“. Исто така на пликоата од вашите покани можете со лепенка да поставите „Отвори ме“.

Часовници

Сигурно се сеќавате и вие на белото зајаче кое постојано некаде доцнеше. За да го доловите овој момент вметнете часовници во прославата.

На пример кумот дарувајте го со џебен часовник.

alice3

„Кој сте вие?“

Ова е познатата фраза, која ќе ви послужи при пишувањето на картичките со имињата на гостите.

Вметнете ги ликовите така што имињата на женските гости запиште ги на картичка со испринтан лик на црвената или белата кралица, а пак имињата на машките на картичките со ликовите на Mad Hatter или Cheshire мачката. Децата можат да бидат Tweedle Dee и Tweedle Dumb.

 

NotForMen препорака: Имајте и вие „Twilight“ свадба!

 

Магичен фустан

Кога се работи за вашиот свадбен фустан, можете да ја доловите темата Алиса во Земјата на чудата буквално како сакате.

Можете да носите фустан со невообичаена должина под колената или пак во бледо сина боја, како на сликата најгоре. Исто така можете да изнајмите шапки за да носат дел до вашите гости.

Црвени рози

Ако се сеќавате, црвената кралица сакаше сите рози да се обоени во црвено, па затоа и вие погрижете се вашата свадбена церемонија да изобилува со многу црвени рози.

Ако се одлучите на ваков чекор применете ги сите овие идеи и додадете свои. Најважно е гостите на вашата свадба да се почувствуваат како навистина да се во Земјата на чудата. Па уживајте Алиса!




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?