
Олтарот не е дестинација кон која треба да потрчате, а заветот песничка која треба да ја кажете во плимата на почетничката хемија.
Животот пишува драми...
Тој имаше 10 годишна врска, но секогаш беше познат како оној кој ќе остане „вечити ерген“. На својата девојка со тоа и ги рушеше сите сништа, но таа сепак поминуваше преку тоа. Дојде ден кога во неговиот живот се појави нова жена и вртоглавата хемија го натера да ја раскине долгогодишната врска и за само 3 месеци да стапне на лудиот камен со непознатата русокоса. Денес, две години оттогаш, тој ги има најтажните очи и најпразниот брак. Каде исчезна магијата?Сузана, 32, говори за животот на еден нејзин средношколски другар.
Драма и романса, вртоглава хемија, невеста бегалка, љубов на прв поглед и уште илјада и еден романтичен поим паѓаат во вода кога ќе чуете некој ваков пример. Стапнувањето на лудиот камен за помалку од една сезона на серијата Gossip Girl не е најумниот потег кој можете да го направите.
Олтарот не е дестинација кон која треба да потрчате, а заветот песничка која треба да ја кажете во плимата на почетничката хемија. Потребен ви е брак вреден милиони!
Потребно е време за да се тргнат розовите очила!
Дури и експертите се согласуваат дека ви е потребно најмалку една година за да бидете сигурни дали си одговарате со вашиот партнер за цел живот и во добро и во зло.
Потребни се 6 месеци, па дури и повеќе за да ги тргнете розовите очила од очите и навистина да започнете да ја гледате личноста спроти вас со сите нејзини маани.
Како поминува времето и вие се почесто се состанувате, така се повеќе влегувате во зоната на комфортот каде секој започнува да си го покажува своето вистинско лице. Од тоа дека вие повеќе не го пудрите носот пред тој да дојде кај вас на гости, до тоа дека тој пред вас започнува жолчно да се дере по својата сестра, чиј единствен грев е заборавената превртена шолја кафе. Неговиот неподнослив темперамент, мрзеливоста или очите кои шараат се повеќе ви се сервирани на тацна пред вас, понекогаш дури и повеќе од што вие можете да проголтате.
Потребно е да бидете подолго време заедно со цел да бидете дел од најразлични сценарија, да ги простудирате неговите реакции и да видите дали сте соодветни еден за друг.
Потребно е време за да избледи дејството на допаминот!
Почетничката еуфорија и сет тој допамин во мозокот, хемикалија која прави да се чувствувате убаво без разлика што вашата врска не ветува многу на долги стази, исчезнува после некое време.
Неговата количина започнува да се намалува од 6 месеци до година дена после почетокот на врската и тие негови особини и навики со кои мислевте дека можете да живеете, па дури и ви беа слатки, одеднаш ви стануваат неподносливи и потенцијални расипувачи за заедницата.
NotForMen препорака: Како да станете едно во бракот?
Потребно е време да ги усогласите целите!
Веќе говоревме за ова и иако ви звучи досадно вие мора да се осигурате дека имате слични гледишта во поглед на начинот на трошење на парите, имањето деца, начинот на живот и други круцијални прашања за вистината. За да се одржи една заедница потребно е да делите исти цели, вредности и интереси покрај сексуалната и емотивната привлечност.
Не значи дека врските кои завршиле во брак за помалку од една година се неуспешни, но се додека времето е на вашата страна зошто да брзате? На крајот на краиштата, ако тој е навистина вистинскиот, тој ќе биде тоа и после една година и ќе има се што е потребно за да кажете „да“.
.gif)






















.gif)
























