
Една друга студија пак покажува дека околу 60 проценти од браковите кои завршиле со развод не биле лоши бракови, туку просечни.
Ниту една двојка не стапува во брак, мислејќи дека токму тие двајца нема да успеат. На вашата свадба сигурно и вие мислевте дека ветувате љубов за цел живот, но за жал од неразбирливи причини овој сон не секогаш се реализира.
Низ умот сигурно ви се врти можеби се омажив за господинот Погрешен, а Вистинскиот е се уште таму надвор, се омажив премлада, не го сакав доволно и уморна сум од расправии, лоша комуникација и студенило во врската.
Дури и да ви изгледа дека пропаѓате во бездна и повеќе нема каде, помислете само дека „животот е полн со втори шанси“. Но сепак убаво размислете во што се впуштате, многу жени тргнуваат неспремни за периодот после разводот.
И без разлика колку безнадежно изгледа, сепак постои можност вашиот брак да биде спасен!
Често размислуваме дека несреќните двојки имаат само 2 опции: да останат заедно и да се чувствуваат мизерно или да се разведат.
NotForMen препорака: Насмевнете се на „брачните окови“
Но постои и трета опција, по која многу двојки успешно тргнале, трпение и труд! Во едно истражување каде успешноста на бракот се оценувала со оцени од 1 до 7, дури 77 проценти од двојките кои својот брак го оцениле како мизерен со единица, после 5 години на повторно испитување го оцениле со седмица. Тие не подлегнале на никаква терапија, туку работите сами од себе дошле на свое место. Тие во себе ја носеле само позитивната енергија дека сакаат се да се среди и надежта.
Една друга студија пак покажува дека околу 60 проценти од браковите кои завршиле со развод не биле лоши бракови, туку просечни.
Што може да го подобри бракот?
- Чекањето и времето! Многу бракови паѓаат во криза поради губењето на работата на еден од партнерите или загубата на дете. За да дојде до помирување со овие променети околности и работите природно да се подобрат потребно е време.
- Започнете со најмали чекори, како слушање на еден со друг! Во многу подобрени бракови мажите изјавиле дека само научиле да им даваат комплименти на своите жени, а жените научиле да ги охрабруваат мажите.
- Вашата среќа во ваши раце! Едноставно сами преземете акција за да бидете среќни, наместо да го оставате тоа да зависи од расположението на вашиот партнер и потоа да бидете исфрустрирани.
- Друг проблем кој води кон развод се лошите навики. Пиењето до доцна со другарите по кафеани или неверството од страна на мажот треба да биде прекорено со цврста акција од жената и алармирање дека тоа нема да го трпи повеќе.
Работете на вашиот брак и обидете се да се сетите и да го воскреснете сето она поради кое некогаш кажавте „да“!
.gif)





























.gif)
























