
Балансот е решение на вашите брачни и работни обврски, но не секогаш успевате да го одржите на оптимално ниво.
Бел раскошен фустан, нотите на свадбениот марш и љубениот до вас! Зарем има поголема среќа од вашата?
Блескава бурма на вашата десна рака и ново презиме, а насекаде околу вас магијата на заветот дека ќе имате со кого да го делите доброто и злото во животот.
Само неколку месеци потоа медената доба стивнува, а вас ве чекаат обврските на работното место за кои амбициите ви се со екстра димезии.
Почнавте како успешна и ни за миг не помисливте дека ќе има сила која ќе може да биде доволно силна пречка на патот кон професионалниот успех.
Па, нели посакавте и побаравте од него ветување дека ќе биде ваша подршка за се во живот, а тука мислевте и на вашата професионална надградба.
Истражувањето направено од YourTango и ForbesWoman покажало дека 55% од жените би се откажале од кариерата за да чуваат деца ако нивниот партнер го побара тоа од нив, а 28% би го побарале истото од нивниот партнер.
Балансот е решение на вашите брачни и работни обврски, но не секогаш успевате да го одржите на оптимално ниво!
NotForMen препорака: Брак вреден милиони
Додека партнерот сака неделното попладне да го сведете на престој во кујната и да ги изненадите неговите родители со печена кокошка и слатка пита, вие се обидувате да најдете доволно културна причина да го одложите нивното доаѓање за наредниот викенд затоа што ви останаа цел куп работни материјали за средување.
Последниот пат кога семејниот собир го заменивте со деловна средба партнерот се посомнева дека вашата љубов кон кариерата е поголема од онаа кон него па се соочивте со првата криза.
Седумдесет и седум проценти од жените веруваат дека можат истовремено да имаат и успешна врска и семеен живот и успешна кариера.
Додека вие се убедувате дека морате да истраете до долгопосакуваното унапредување до кое ве делат уште неколку успешно сработени проекти, сопругот се обидува да украде дел од вашето слободно време.
И како да почна да наликува дека сте во брак со компјутерот, а не со него.
Помогнете му да ве разбере и помогнете му на бракот да преживее до реализацијата на вашата професионална амбиција!
-
Еве неколку мали тајни кои ќе ја зацврстат вашата брачна врска.
- Получасовниот утрински ритуал со сопругот може да биде добар почеток на денот. Разбудете го со арома на свежо варено кафе или чај и топли тостови.
- Објаснете му ги своите работни обврски кои се задолжителни за вашето унапредување кон кое толку се стремите. Појаснувањето може да биде пат кон подршка од негова страна.
- Трудете се обврските да ги завршувате во текот на работната недела, а викендот да му го посветите нему и на домашните обврски.
- Проблемите од работата оставете ги на прагот од вашиот дом. Сопругот не е виновен за денешното лошо расположение на вашиот претпоставен.
.gif)






















.gif)
























