
Жените се мажат со надеж дека мажот ќе се промени. Мажите се женат со надеж дека жената нема.
Ајде овој пат за ѕирнеме од другата страна на завесата. Шеговито за бракот низ 24 цитати:
МАЖИТЕ ЗА БРАКОТ:
1. Знаете што правев пред да се оженам? Се што ќе посакав.
2. Сопругата ми препорача книга за ја подобриме нашата врска. Се викаше „Жените се од Венера, мажите грешат“.
3. Кога маж ќе ти ја краде сопругата, не постои подобра одмазда од тоа да му дозволиш да ја задржи.
4. Смешна работа е тоа што кога маж нема ништо за што да се грижи, се откажува од се и се жени.
5. Вашиот брак е во неволја ако сопругата каже „заинтересиран си само за едно нешто“ и ти не можеш да се сетиш што е тоа.
6. Мажот кој сака среќен брак треба да научи да ја држи устата затворена, а сметката отворена.
7. Мојата сопруга и јас бевме среќни цели 20 години, а потоа се запознавме.
8. Имав лоша среќа со двете сопруги. Првата ме остави, a втората не.
9. Некои луѓе прашуваат за тајната на нашиот долг брак. Ние си даваме време да одиме 2 пати неделно во ресторани. Светлина од свеќи, вечера, романтична музика и танцување. Таа оди во вторниците јас во петоците.
10. Во мојата куќа јас сум шефот, мојата сопруга е само донесувачот на одлуки.
11. Зошто жените се поопасни од мафијата? Мафијата ти го сака парите или животот, а жените ги сакаат двете.
12. Запомни! Ако таа не е среќна ниту ти нема да бидеш среќен.
NotForMen препорака: 6 цитати за жени + 5 за мажи
ЖЕНИТЕ ЗА БРАКОТ:
13. Никогаш не знаев што е вистинска среќа се додека не се омажив, а тогаш веќе беше предоцна.
14. Мојот сопруг рече дека му е потребен простор, па го заклучив надвор.
15. Единствениот пат кога жена успева да промени маж е кога тој е бебе.
16. Позади секоја успешна жена стои изненадена свекрва.
NotForMen препорака: 15 филмски љубовни цитати
ОПШТО ЗА БРАКОТ:
17. Бракот е авантура, како одење во војна.
18. Тајната на среќните бракови, останува тајна.
19. Бракот е како жешка бања, еднаш кога ќе се навикнеш потоа не е толку топло.
20. Бракот менува се... Одеднаш си во кревет со роднина.
21. Држи ги очите широко отворени пред бракот и полузатворени потоа.
22. Браковите се создадени во рајот, но исто и громовите, торнадата и бурите.
23. Жените се мажат со надеж дека мажот ќе се промени. Мажите се женат со надеж дека жената нема.
24. Добар брак би бил помеѓу слепа жена и глув маж.
.gif)






















.gif)
























