mamaАнгелот со име Мама
Дете:„Господе кога веќе морам да одам, кажи ми како се вика мојот ангел на земјата?“
prijatelki118 правила на пријателството
Завидливоста и љубомората се строго забранети во вашиот меѓусебен однос.
vikanjejpgДали врската ми е пред крај?
10 знаци што ќе ви покажат дека љубовта почнала да избледува.
majka1Што им правиме на родителите?
Зарем не е немилосрдно да ги казнувате луѓето кои за вас живот значеле?

Домаќинка или кариеристка, што сакаат мажите?

kakva

Месечните примања на жената со кои таа нема потреба да побара дозвола за да појде на фризер кога ќе посака им ја олеснија работата на мажите.

Едната ја прави запршката покрај шпоретот, другата ги дипли парите во својот лакован паричник, едната нуди нежност и топлина, другата динамика и нескротливост, која е онаа која ќе го задржи мажот во својот кревет?

Домаќинка или кариеристка за жена, кој тренд го пратат мажите?

ДОМАЌИНКА

Нови времиња, нови трендови, нови ставови... Па така ниту еден маж нема да ви каже дека копнее за тип на жена домаќинка.

Ако некогаш на цена беа жените кои знаеја да го сварат највкусното гравче, ги пеглаа дури и гаќите и неговите чорапи внимателно ги диплеа по боја, денес жената која секој ден е дома, која мажот после работа ќе ја најде со престилка и дрвена лажица врз шпоретот и не е најголемата машка фантазија.

Можеби домот ќе биде беспрекорно исчистен, но со ваквата жена мажите сметаат дека ќе биде исчистена и страста од бракот, а сексуалната возбуда со потчинетата жена ќе заврши во контејнерот заедно со другите нечистотии од домот.

Бурмата повеќе нема да биде доволна за да го задржи овој маж во креветот на домаќинката. Со оглед на тоа што таа нема голем круг на движење, а со тоа и на познаници, се и е сведено на неколкуте пријателки од младоста, сосетките и мажот.

Секој ден внимателно го слуша и нормално го цени како глава на семејството без која тоа не би функционирало, а потоа му раскажува за своите случувања во домот.

КАРИЕРИСТКА

Ново, привлечно, заводливо... Самостојна жена на која не можете да и ставите пранги. Но колку слобода е премногу слобода?

Иако како на лепак мажите се лепат на самоуверените жени, професионално реализирани, кои добро знаат дека разликата меѓу работа и кариера е работен ден од 8 и 10 часа, тие бргу се презаситуваат од нивната доминантност, се чувствуваат загрозени како глава во домот и полека го креваат својот глас против кариеристките.

 

NotForMen препорака: Кариера за комплетна жена

 

Месечните примања на жената со кои таа нема потреба да побара дозвола за да појде на фризер кога ќе посака им ја олеснија работата на мажите, но чувството дека немаат никаква контрола врз сопругата од материјален аспект малку и како да ги плаши.

Кариеристиките на моменти толку многу се занесени од љубовта кон професијата што неретко после долгиот работен ден доаѓаат дома и уште часови потоа говорат на таа тема пред мажот кој зева. Ликовите му се живописно опишани, а работните обврски и повеќе од јасни, но таа пак го говори истото.

Загрозен и потиснат овој маж многу лесно може да ги искористи социјалните мрежи, бизнис пријателите или случајните средби и да започне афера со жена која нема да биде толку доминантна и пред која ќе се чувствува како маж во вистинска смисла на зборот. Таа ќе му посвети време и за масажа и за задоволување на неговите нагони.

Да, мачо е сонот на секој маж!

И сега што сакаат мажите, каков тип на жена е сонот за негова животна сопатничка? Дали има некој таков кој ќе ни ја разреши мистеријата?

Еве еден од одговорите на америчките сајтови: Мажите сакаат среќа.

И за крај погледнете го филмот „I don't know how she does it“ со Sarah Jessica Parker за тешкотијата на пронаоѓањето баланс помеѓу кариерата и семејството, но и можноста да се постигне тоа ако вистински се сака.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?