
Таа отсекогаш беше онаа најоткачената девојка, со тони харизма во себе и насмевки за два живота. Немирен дух кој не се скротуваше покрај ниту еден маж.
Нејзините 29 години никогаш не ја поколебаа да се смири за ништо помалку од пеперутки, а кога сите и говореа време е за мажење, таа велеше дека нема да прифати прилика по автоматизам за најсоодветна, туку ќе се омажи само тогаш кога ќе почувствува дека некој има што да и понуди, а и она нему, нормално од духовен аспект.
NotForMen препорака: Среќата на убавицата и ѕверот
ЛУДА
И во мигот кога сите прифатија дека таа ќе биде онаа која ќе ги смее до солзи цел живот, но и сама ќе ја угостуваат дури и кога ќе има 42, се појави тој! За околината не поинаков од останатите, но за неа уникатен и неповторлив.
Го окарактеризира како вистински маж, како чудна искра која ја немала до сега, како сигурност, потпора, поддршка, доверба.
ПОИНАКВА
За прв пат во својот живот ја стави престилката на себе и зготви за некој маж, за прв пат говореше со сјај во очите колку е вртоглаво среќна и колку ништо не може да ја поколеба. Го зграпчи под рака, со коса исто црна како нејзината, тој беше нејзиниот совршен спој.
NotForMen препорака: Го пронајде таа својот Mr.Big
ОТПОРНА
Гласовите кои сакаа да ја предупредат за брзоплетоста ги слушаше како слабо ехо од далечината, личностите кои ја осудуваа за импулсивноста како неважни затоа што за прв пат во животот не се водеше од она женското комплицирано „можеби не знам што сакам, но знам што не сакам“, во овој миг точно знаеше што сака во животот, а тоа беше него покрај себе, сето останато беа мали коцки кои мора да ги сплоти во единствен мозаик за да успее во целта – да се буди крај него до крајот на животот.
ИСТРАЈНА
Неговото име ја натера да донесе одлуки какви што никогаш не замислуваше, тој ја плашеше по малку, но и ја восхитуваше како некој можел да допре до неа. Таа која секогаш оставаше конфузија зад себе, сега јасно се бореше за човекот кој го сака па дури и по цена на солзи во нечии очи. Љубовта вреди жртва, а патот да се спаси таа секогаш е легитимен.
И тогаш се сети на Дизниленд, на новогодишните желби, на божиќните завети и беше среќна затоа што чуда сепак се случуваат!
.gif)






















.gif)
























