
Сексот е се поредок гостин во вашиот дом, па на чија адреса заминал тој? Рузвелтова или Партизанска време е за GPS навигација во неговиот автомобил.
Парфемот на неговиот врат, новата тенка вратоврска и уредно исечените нокти прават да се запрашате кој празник е денес?
Можеби ќе ве разочараме, но ако ова оди во комбинација со чести деловни состаноци, редок секс и нова лозинка на неговиот мејл, тогаш ова не е вашиот ден за славење.
Ајде една Sherlock Holmes мисија околу осомничениот за неверство, вашиот сопруг нормално:
Paco Rabanne 1 Million покрај огледалото?
Неговите чевли не биле толку сјајни уште од денот кога ги купи, а за вратоврската и кошулата три пати го сврте ГТЦ. Па вашиот сопруг никогаш не сакал шопинг, што се промени сега? Можеби е време да се запрашате чие внимание наеднаш посака да го привлече...
Ако само се сетите на неговиот нов Paco Rabanne 1 Million и уредно исечените нокти, ситуацијата станува навистина сомнителна.
Сексот на Рузвелтова?
Сексот е се поредок гостин во вашиот дом, па на чија адреса заминал тој? Рузвелтова или Партизанска време е за GPS навигација во неговиот автомобил.
Тие неколку пати секс во месецот секој пат изненадува со некоја поза? Не радувајте се премногу, најверојатно вежба на домашен терен за да се покаже во најдобро светло со новата партнерка.
NotForMen препорака: Женети мажи риболоват во диско
Ненадеен економски подем?
Овој јануари како економијата да доживеа најголем подем во последниве 10 години, а тој главата не може да ја крене од деловни состаноци и телефонски повици од нови соработници.
Уште посериозно е ако не ви одговара ниту на телефонските повици, а на неговите кредитни картички има големи трошоци кои ги припишува токму на тие состаноци.
Invalid ID or password на екранот?
Invalid ID or password со црвени буквички на вашиот компјутерски екран. Да, тој си ја променил лозинката на Фејсбук и на мејлот.
Ако и пинот на неговиот мобилен телефон не е повеќе оној стариот, значи аферата на вашиот сопруг добива сериозни размери.
ПМС епидемија?
Месецов како тој да поминува низ ПМС, а не вие... Постојано приговара, а веќе 30 дена му е „оној“ ден од месецот. Неговото однесување е сомнително, внимавајте!
Ако откриете некои од овие знаци кај вашиот сопруг не е време за јавни обвинувања бидејќи се уште ништо не е докажано. Ставете се малку во кожата на Sherlock Holmes и истражете дали навистина има злосторство на местото на настанот. Дали има и кои се причините за неверство?
Знаете дека срцето има свои причини, кои разумот не ги разбира, затоа не избрзувајте залудно да си го повредите срцето и растурите бракот.
.gif)






















.gif)
























