
Актерот Heath Ledger – фаталниот заводник во филмот Casanova (2005).
Целиот живот имаше една цел, да ја добие секоја жена во Венеција. Романтиката на градот им одеше во прилог на неговите заведувачки способности, па така многу девици се збогуваа со невиноста, многу чесни сестри со заветите, многу ветени со свршениците, затоа што ниту една жена не можеше да му каже „не“ на Казанова (Casanova 2005).
Денешните Казанова заводници...
Денес и низ нашиот град се уште освојуваат вакви заводници, изгледот и звучното име прават да можат цели книги да напишат со имињата на своите сексуални партнерки. Самоуверени и упорни нишанат директно во целта.
Браво ако сте една од оние кои веќе им кажа „не“, дали во име на чесноста или во име на гордоста да не бидете една од многуте.
Секој од нив ќе ја сретне својата „Франческа“!
Но секој од нив некогаш во животот ќе ја сретне својата „Франческа“, поинаква од другите со бунтовна природа што ќе осамне пред него како симбол за љубовта. Наеднаш сите тие т.н. „љубови“ за една ноќ и телесни задоволства избледнуваат пред фаталната привлечност кон една жена.
NotForMen препорака: Предоцна ја возвраќаат љубовта
Секој маж порано или подоцна сретнува една таква која му го разнишува тлото под нозете и секоја мисла во текот на денот и ноќта и е упатена на неа. Да, секоја маж порано или подоцна се заљубува...
И ќе се бори за неа!
Така и тој не се обесхрабри кога со свинче се појави на нејзината врата, а нејзината помошничка ја отвори вратата и ја пренесе пораката: „Мојата господарка рече свињата не може да влезе, но животното ќе го земеме“.
За Франческа да се увери во неговите искрени намери кон неа многу работи не беа доволни, но беше доволен моментот кој траеше вечност... Оној миг кога тој одлучи да го жртвува животот за неа во име на љубовта.
Во која жена мажите се заљубуваат?
Тоа е жената која ги предизвикува да се заљубат во неа. Жената која се залага за себе со женствена грациозност и елеганција. Жената која не може да биде лесно изиграна, но потребен и е тој за да ја направи среќна.
Мажите се заљубуваат во тоа како правите да се чувствуваат. Ако успеат да ве направат среќна, тие се чувствуваат добро.
Не користете го трикот на многу жените дека сте добра девојка и ги ставате туѓите потреби пред своите. Замислете ги улогите сменети: Мажот готви, пере, пегла, се грижи за вас и уште е очаен да се земете. Дали ова ви изгледа и малку привлечно?
Мажите обожаваат жени кои пред се се сакаат себе си, жени кои не прават компромиси околу своите вредности.
Направете да ве почитува, тоа е лепакот кој ќе направи да бидете неговата вистинска засекогаш!
.gif)






















.gif)
























