
Проблемот настанува кога жестоки навреди ќе започнат да летаат наоколу и чувствата се повредени, со тоа ништо нема да решите.
Понекогаш сакате да го изгрицкате од љубов вашиот сопруг, но понекогаш да му удрите бокс во забите.
Според повеќето студии, нормално е за партнерот да ги чувствувате двете, и љубов и омраза. Тоа е затоа што истата област од мозокот го предизвикува тоа и прави дури и најсреќните парови понекогаш да се караат.
Силна врска е онаа во која смеете да си ги изразите негативните чувства без страв дека ќе се изгубите еден со друг. Понекогаш и кавгите зближуваат, но сепак постојат лоши и добри начини за решавање на несогласувањата:
РАЗГОВОР
Ако сфатите дека звучите како плеј листа, веднаш стиснете пауза. Според истражувањата, несреќните парови постојано се повторуваат себе во очај да бидат слушнати, што не е воопшто продуктивно.
Врескањето еден на друг итно заменете го со дијалог и започнете да ги користите ушите, наместо само устата.
ОДМЕРЕНИ ЗБОРОВИ
Во жештината на расправијата, внимавајте да не го допрете со врела маша. Проблемот настанува кога жестоки навреди ќе започнат да летаат наоколу и чувствата се повредени, со тоа ништо нема да решите.
Нашиот мозок повеќе одговара на негативни стимулации. Уште од времето на пештерските луѓе тоа се развило како одбранбена техника и денес ни е навистина тешко да прогледаме на лошото.
Запомнете целта не е да се навредите еден со друг, туку да го решите проблемот. Внимавајте на зборовите!
NotForMen препорака: Се лутам, ми значиш!
НЕМА ПОБЕДНИК
Можеби е љубовна битка, но не е потребно повредено срце за да се прогласи победникот.
Фиксирањето на тоа кој е во право ќе ве оддалечи од пронаоѓањето на решение. Не го користете: „Гледаш, јас сум во право!“ и многу побргу успешно ќе го решите несогласувањето.
Најдете го аспектот за кој се согласувате и потоа фокусирајте се да се сретнете на половина пат со ставовите и да пронајдете начин да се справите со тоа.
ПОЗИТИВНИ ЕМОЦИИ
Паровите кои знаат да искажат позитивни емоции за време на расправијата функционираат подобро. Затоа следниот пат за време на расправијата омекнете ја ситуацијата со некоја шега или нежно допрете го за рамето. Тоа ќе симболизира дека се уште се сакате и сте приврзани еден за друг дури и во најлошото. Научете да бројте до 10!
Без разлика што сопругот може да ве излуди целосно, на крајот од денот вие сепак го сакате, затоа обидете се да го запомните ова и во најтешките моменти и врската ќе остане силна.
.gif)






















.gif)
























