
Според едно испитување изведено со повеќе од 10.000 мажи откриено е дека мажите изневеруваат за да го вратат чувството од времето кога се состанувале.
Слушате за сочната афера на вашиот колега од работа и не можете да си поверувате на ушите. Вчера толку милно ја гледаше својата жена кога го посети на паузата од работа, а денес гордо раскажува во канцеларијата за неговата бурна сексуална ноќ со непознатата блондинка пред 3 дена.
Дали и вашиот сопруг ги има истите навики? Што би натерало еден маж на ваков чекор? Еве дел од објаснувањето за прашањата во вашиот ум.
Ризични Фејсбук хоризонти!
Полесно од било кога е да пронајдете онлајн афера. Дури и вашиот партнер да не тргнал по тоа, природата на интернетот е таква што пред него наеднаш се отвораат куп можности.
Според истражувањата консумирањето порнографија, која е лесно достапна на интернет, кај мажите до 35 години ја зголемува веројатноста да изневерат.
Освен ова фејсбук е прозорец до неговите поранешни девојки. Маријан, 29, започнал да користи сајтови за состанување кога бил сингл, а веќе е три години во брак и се уште не престанал со тоа. Не може да се откаже од возбудата да контактира со жени од другиот крај на државата, а и од време навреме да замине на т.н. службени патувања таму.
Мажите кои прават контакти преку интернет бараат само секс, а не и некоја поголема интимност. Затоа уживајте понекогаш во гледање порно заедно со вашиот сопруг и експериментирајте за тој ќе ја нема желбата и адреналинот да го прави тоа тајно.
NotForMen препорака: Тој неверен, вие Sherlock Holmes!
Преголемите очекувања ги притискаат!
Бракот за нив е навистина сериозна работа и чувствуваат огромна обврска да бидат добри мажи. Овие очекувања прават младиот маж да се чувствува стар и здодевен.
Според едно испитување изведено со повеќе од 10.000 мажи откриено е дека мажите изневеруваат за да го вратат чувството од времето кога се состанувале, а ако не добиваат секс од сопругите ќе побараат било каде.
Бидејќи првите години од бракот се ранливи, гласно говорете му на вашиот партнер колку го цените, како сопруг, но и како жешкиот тип во кој се заљубивте. Заблагодарете му кога ќе ја исчисти бањата и вратете ја страста со изненадувања.
Бракот не е лек за неверните мажи!
Женкарите обично мислат дека олтарот и бракот ќе ги излечат, но откако тоа нема да се случи се чувствуваат заглавени.
Луѓето кои мамеле во минатото не можат да бидат преблиски со една личност, а во првата година од бракот се случува токму тоа, планирање на заедничка иднина и делење на се, па така тие се одлучуваат на неверство за да ја блокираат преголемата интимност.
Ако се уште не сте го избрале вашиот сопруг обрнете внимание на екстремниот сексуален живот, големиот број негови женски пријателки и пријателите или роднините кои мамат, тоа се главните симптоми дека и тој ја има оваа лоша навика.
.gif)






















.gif)
























