same_mumНеговата нечовечност ме направи силна мајка!
Романсата започна типично на германски начин, јас се возев во метро, а тој седна до мене.
petok1Петок вечер: Сите женски дилеми
„Пак кивнав кога римелот уште не ми е исушен, па какво е ова проклетство што ми се случува?“
date_copy6 женски грешки на првиот состанок
Кога има хемија, 97% од мажите ќе се јават за 72 часа да договорат втор состанок.
zakonski_merkiПребродете го разводот во 5 чекори
Соочете се со разводот со дигната глава!

Поранешното момче ми е најдобар пријател

maz_i_zena_najdobri_prijateli

Ваквото прашање се наметна откако слушнавме една интересна животна приказна. Нема да ги откриеме луѓето, но добивме зелено светло да ја искористиме нивната приказна за да го отвориме ова интересно прашање.

Па ајде да почнеме со приказната, сигурно ќе сакате да ја дознаете:

Се запознаваат преку другарка. Излегуваат заедно неколку месеци сé додека другарката што ги запознала не заминува на студии во странство. Поминуваат неколку години во кои се гледаат неколку пати во случајни ситуации на јавни места. Разговорите главно им се сведуваат на новостите што ги имаат за девојката што ги запозна. Работите почнуваат да се менуваат кога нивната таканаречена посредничка се враќа и организира средба како од времето кога беа помали. Повторно се повторува минатото со постојано излегување, заеднички одмор, но со една мала разлика... тие почнуваат да се заљубуваат. Почнуваат врска која трае неколку месеци. Со повторното заминување на нивниот посредник, заминува и нивната врска. Но, остануваат пријатели, се слушаат секој ден, заедно излегуваат и преку ден и навечер, отворено си раскажуваат за состаноците со други луѓе и што е најважно немаат секс. Интересна беше изјавата која едниот од нив ја кажа: „Штом куче и маче може да се спријателат, зошто не и ние."

Никој не вели дека има парови што по раскинувањето не комуницираат и не се почитуваат. Но, овде мислиме на подлабоко пријателство. До вчера љубовник, а сега човек со кој зборувате каков е сексот со новиот партнер. Кога ваквите ситуации се можни? Ние смисливме три?

Прва ситуација: Двајца пријатели почнуваат врска.

Вие сте биле пријатели од кога знаете за себе. Довербата, познавањето на разликите и лесното соочување со нив направило да се роди идејата дека супер би функционирале како пар. Одлучувате да пробате дали како пар може да функционирате толку добро. Но, излегува дека сексот е катастрофа, се карате за ситници и цело време имате чувство дека излегувате со роднина. Логично ви е дека нема потреба да расипувате нешто свето само поради тоа што неколкупати спиевте со него. Разговарате дека не ви оди и работите се враќаат во нормала. Ваква ситуација и не треба да зачудува бидејќи пријателите разговараат за сé и може да проголтаат ваков проблем.

Втора ситуација: Двајца непријатели стануваат најдобри пријатели.

Тенка е линијата помеѓу љубовта и омразата. Тој секогаш ве нервираше, не можевте да го поднесете неговото фалење како излегувал со многу жени, од такт се вадевте секогаш кога сакаше да биде главен во друштвото. За постепено да сфатите дека всушност ви се допаѓа неговата наметливост и моќ. Завршувањето на врската со таков човек може да донесе пријателство. По толку поминати кавги и несогласувања, луѓето учат одреден код на однесување за да не ги повторуваат таквите непријатни моменти. Тоа постепено преминува во почит за на крај да прерасне во зависност на еден од друг.

Трета ситуација: Раскинувањето поминало добро.

Додека сте биле во врска сте стекнале многу заеднички пријателства, вашите другарки и неговите другари обожаваат да излегуваат заедно. Но, одеднаш на вашата љубов ѝ доаѓа крај. Зошто другарствата да се расипат кога може сé да функционира исто. Не постои речиси никаква пречка ако раскинувањето поминало добро и двајцата се согласиле на тоа, да не продолжи комуникацијата. Не биле кажани никакви навреди, никој не направил грешка, што значи не постои омраза помеѓу нив, а тоа е главен фактор од кој зависи како ќе се продолжи понатаму. Поранешните партнери најдобро се познаваат, ги имаат разменето сите тајни за друштвото и многу лесно може да се поврзат во длабоко пријателство.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?