
Вистина е дека одговорноста е голема бидејќи утре можете да се соочите со обвинување или грижа на совест ако испадне дека вашиот совет ја влошил ситуацијата.
Да избегате, пак, ќе испаднете сурова и себична личност која не се грижи за своите пријателки. Затоа, најдобро е да држите средина. Не попувајте премногу, но не глумете ни индиферентна.
Што е потребно за да давате добри совети?
Бидете активен слушател. Внимателно слушајте го тоа што пријателката или момчето имаат да го кажат. Обидете се да дознаете колку што можете за ситуацијата. Соберете информации, поставувајте прашања за убаво да навлезете во проблемот. На тој начин полесно ќе го изградите својот став.
Ставете се на другата позиција. Обидете се да замислите како се чувствува вашата пријателка. Ако се водите според тоа што е правилно, тогаш е лесно, и таа без некој да ѝ каже знае кое е логичното решение. Но, кога ќе се доведат во игра и чувствата, тогаш е малку потешко да се носат одлуки.
Не продавајте мозок. Многу е лошо кога вие имате тежина на душата, сакате да се олесните и да кажете некому, а наидувате на двочасовно непрекинато предавање. Не е време ниту место да се докажувате колку сте паметна. Гледајте да помогнете ако можете, ако не, отворено кажете дека не знаете каков совет да дадете.
Не наредувајте. Кога советувате некого, не е важно само да смислите добар совет, многу поважен е начинот на кој ќе го пренесете. Ако некој побарал совет од вас, не значи дека е должен да го прифати. Не треба некој да ви се одолжи за тоа што сте се помачиле да мислите. На крајот на краиштата, сé се сведува на тоа дека советувањето треба да биде од љубов, почитување, грижа.
Бидете резервирана. Секогаш подобра опција е некому да помогнете да дојде до решението отколку да му сервирате готово. Разгледајте ги сите опции, размислете што сé може да се случи ако некој совет се прифати или одбие. Работете со опции. Понудете ѝ неколку излезни варијанти и оставете ја пријателката сама да се одлучи за некоја.
.gif)






















.gif)
























