
До неодамна мастурбацијата се сметаше за нешто грешно и неморално особено кога станува збор за жените. И денес сè уште постои срам да се зборува за тоа, што не е случај кај мажите. Ниту еден маж не се срами да признае дека редовно се самозадоволува и по неколку пати. Додека, пак, жените ја избегнуваат таа тема, а за разменување искуства и техники ретко кој зборува.
Но, и тоа е сосема во ред. Имате право на приватност и да ги задржите деталите за себе. Тоа е ваш интимен момент чие споделување со другите треба да зависи само од вас. Но немате право ако мислите дека мастурбацијата е резервирана само за мажите.
Во никој случај не смеете да се лишувате од таквото задоволство. Самозадоволувањето е измислено за двата пола со цел да го засакаат своето тело и да откријат што ги возбудува. Позитивните ефекти од мастурбацијата се пренесуваат и на сексуалниот живот со партнерот. Затоа, девојки, не велиме дека треба отворено да зборувате за тоа, но слободни сте да уживате во своето тело.
Зошто велиме дека треба да мастурбирате?
За подобро здравје...
Самозадоволувањето е здраво и за телото и за духот. Одличен начин да се ослободите од стресот и да се излачат сите оние насобрани сокови и хормони. Нема потреба да влегувате во авантура со партнер чија сексуална историја не ја познавате. Така се закачуваат најголем број сексуално преносливи болести. Стимулирањето на клиторисот со прстите ќе ве доведе до оргазам, а со тоа ќе го задоволите сексуалниот апетит.
За поголема релаксација...
Сетете се колку сте отпуштена по сексот со партнерот. Одеднаш постои решение за сите проблеми. Истото го нуди и мастурбацијата. Чувствата се исти само што тогаш сте сама во соба. По самозадоволувањето ќе се чувствувате отпуштена и среќна, а на работа ќе бидете далеку попродуктивна.
Самото чувство...
Оргазмот е доволна причина за да почнете да мастурбирате. Понекогаш партнерот не е во состојба комплетно да ве задоволи. И сексот со часови не донел оргазам. Зошто воопшто да чекате на него и да се нервирате кога тоа и сама може да го изведете. Освен што нема да му се истурите на партнерот, ќе бидете подготвена да се соочите со проблемот во спалната.
За поголема верност...
Што ако сопругот или партнерот заминат некаде на подолг период. Без секс не се може, но не сакате да го изневерите човекот кој толку ви значи. Доколку не мастурбирате, во вас ќе се насобере голем гнев, ќе станете осетлива, секое слушање со партнерот ќе значи кавга... Задржете ја насмевката на лицето и ставете се во акција.
За подобар оргазам...
Мастурбацијата се препорачува и за време на сексот со партнерот. Доколку имате проблем со свршувањето кажете му да ве допира за клиторис или сторете го тоа сами додека сексот трае. На тој начин целосно ќе се отпуштат вагиналните мускули и ќе постигнете поголема влажност. Оргазмот ќе стане неизбежен при секој чин.







































