
Се наоѓате во врска, момчето е супер, ве почитува, секогаш е тука за вас, знаете дека ви мисли добро, но едноставно тоа не е ТОА. Не дека не сте среќна со него, но длабоко во себе знаете дека тој не е вистинскиот за вас.
Подолго време сте заедно, но сфаќате дека не комуницирате на исто ниво. Да, можеби тој вели дека ве сака, но никогаш неговата голема љубов ја немате почувствувано на дело. Секогаш имате чувство дека нешто недостига или пречи и постојано ја споредувате врската со онаа на пријателките.
Човекот едноставно не знае како да ве погоди на вистинското место и да го извлече најдоброто од вас. Свесни сте за тоа, но немате храброст да прекинете. Тука не може, а да не се прашате зошто упорно продолжувате да живеете во лага?
Ќе се обидеме да ве оправдаме:
Прво оправдување: Тој е премногу добар и љубезен. Секогаш внимава на вашите чувства и внимава да не ве повреди. Понекогаш навистина посакувате да ви се развика или да ви се закани, но тој е премногу смирен и не знае да се кара.
Второ оправдување: Со него имате поминато убави моменти. Ако претходните ве откачуваа, тој секогаш секаде ве вика и сака да го поминува времето со вас. Да не зборуваме за тоа колку е горд кога ќе се појавите во неговото друштво.
Не ќе можете да поминете без прекорување:
Прво прекорување: Не можете да бидете со некого само зашто е добар и љубезен. И вашите пријатели се добри, па не сакате да спиете со нив. Љубовта не е поврзана со добрината од причина што во секое време можете да засакате некој кој е одвратно лош кон вас. Ако не знае како да ве излуди, го немате ефектот на пеперутка во стомакот кога ќе го бакнете, можете без секс и со денови, тогаш велиме недостига ХЕМИЈА.
Второ прекорување: Не може да бидете со некого во врска за да му се одолжите за добриот однос. Залудно се надевате дека можеби со текот на времето ќе го засакате. Ако сте лојална, верна и чувствителна личност, тогаш навистина ќе ви биде тешко да му кажете дека е крај на човекот со вистински квалитети. Но, не можете да очекувате да бидете добри со другите ако не сте добри со себе. Сетете се дека дадовте сé од себе за да успее врската и дека мора да го поштедите и да му дадете шанса да ја најде вистинската љубов. Колку и да бил среќен и исполнет, сепак и тој бил лишен од многу задоволства што можел да ги има со вистинската личност.
.gif)






















.gif)
























