
Купувањето подарок за вашиот сакан треба да претставува чин на задоволство, израз на емоции. Не дозволувајте да го претворите тоа во стресна ситуација, измачување на вашиот мозок со прашањата, што да купам, дали ќе му се допадне, и целиот град да го свртите залудно.
Постои формула, што ќе ви помогне лесно да го направите изборот. Обидете се, речиси секогаш успева.
Интереси + потреби + тип на врска + повод + буџет = идеален подарок
Сега кога ја знаете формулата, почнете со дефинирање на елементите. Започнете од одзади, полесно е.
1. Буџет- одвојте пари толку колку што сметате дека треба да потрошите, во зависност од поводот и човекот за кој купувате.
2. Повод- секогаш ви е познат ( роденден, годишнина, дипломска ....)
3. Тип на врска- во каков однос сте со него, дали ви е пријател, познаник, дечко... Интересот и потребата се малку потешки за дефинирање.
4. Интерес- овој елемент може да се однесува и на двајцата. Значи тргнувате од интересите на човекот за кој купувате, дали се интересира за спорт, технологии, уметност, настроен кон модата или кон некоја конкретна наука за да ја збогатите неговата библиотека со нова литература. Доколку сакате, земете го предвид и вашиот интерес, нема тука ништо лошо. На пример, може да се работи за дечко што сакате да го освоите, а сигурно за него нема да отидете и да купите што било.
5. Потреби- на крај ги земате ги предвид и неговите моментни потреби. Обидете се да дознаете кои се тие. На пример доколку останал без парфем, изненадете го со тоа. Опомените ги другите за поклонот, за да не испадне сте украле нечија идеја.
Имајте на ум дека, погодениот подарок зборува за тоа колку е силна вашата врска.
.gif)






















.gif)
























