
Освен што ја подгрева страста, алкохолот ја покачува и женската самодоверба во текот на сексот. Виното ќе го зашемети вашиот мозок, хормоните ќе се разбудат и нема да имате време да мислите колку ви се дебели нозете или дека на задникот имате стрии.
За да се уверите во ова што зборуваме, ви ги нудиме следните факти:
Прв факт: Според истражувањето спроведено во Велика Британија, половина од 300 жени признале дека сексот им е подобар по неколку чаши алкохол.
Втор факт: Следниот податок вели дека 75 % од жените сакаат да се напијат чаша вино пред да легнат со сопругот или со момчето.
Трет факт: Просечна жена во Велика Британија спие со 8 партнери. Со 5 од нив имала секс додека била пијана.
Четврт факт: Анкетата на Not For Men гласеше: Дали пиењето ве олабавува пред секс со нов партнер? Од вкупно 208 гласачи, 153 одговориле со ДА, а 55 со НЕ.
Значи потврдивме дека алкохолот знае да ги избрка бубачките во вашата глава. Но останува прашањето, зошто вашата самодоверба да зависи од тоа дали ќе се напиете нешто пред секс или не? А што правиме во вечерите кога не ви се пие?
До претходната вечер бевте одлична, насмеана девојка, не се срамевте да уживате и да се препуштите на чувствата. А сега одеднаш сте повлечена и гледате да го истерате сексот со што повеќе облека на себе.
Но зошто таквата промена, кога ништо не е сменето. Па вашето тело не доби нов изглед, тоа е истото од претходната вечер кое знаеше вистински да трепери и да ужива. Сигурно и партнерот не ослепе во меѓувреме.
Навистина се залажувате ако мислите дека сексот под ќебе или во комбинација со алкохол ќе ги скрие вашите недостатоци. Зошто не се обидете да се отпуштите, засакајте го своето тело бидејќи едно е сигурно, вашиот партнер го обожава.
.gif)






















.gif)
























