seksi12 начини да го заведете за минута
Носете тенка бела маичка, без градник и скокнете врз него на креветот.
seksottМомците откриваат: Најжешката работа од девојка ми
„Ме однесе во ходникот пред свечената сала, ми го откопча патентот од панталоните и се спушти надолу.“
par_se_giskaЗошто е добар редовниот секс?
Активниот сексуален живот е еден од најглавните фактори за здраво тело, душа и врска.
tri1_copyТри месеци од врската, сега или засекогаш?
Каде исчезна магијата? Вие се соочивте со деведесет дневното чудо!

Стресот од работа не носете го дома!

tired_womaaan

Дали често ви се случува да се обвинувате дека немате време за семејството, за пријателите, за себе... дека немате време за ништо? Зошто е тоа така? Можеби затоа што работите неуморно или затоа што едноставно не сакате да се потрудите да си ги организирате обврските. Направете ја приоритетна својата животна рамнотежа!

Се разбира знаењето дека имате живот надвор од работата и правењето промени неопходни во животот се две различни работи. Ако за вас е важно да бидете посветени на тоа што ви е најзначајно, мора да одлучите од што сте подготвени да се откажете за да го направите тоа време на располагање. Ако вашето семејство е тоа што ви е најважно, можеби мора да го ублажите вашиот работен товар.

Направете приоритетна листа со обврските за денот, неделата и бидете задоволни со тоа што ќе успеете да го остварите. Достигнувањето рамнотежа во вашиот живот може да биде процес кој бара значајно време и напор. Тоа е слично на физичкиот фитнес, не можете едноставно само да одите на диета и избезумено да вежбате цел месец, мора да направите долгорочни одлуки за тоа како ќе го поминувате времето, на кои работи ќе им кажете ,,да" и кои работи заслужуваат да им кажете ,,не" и да се чувствувате пријатно со тие одлуки. Како и да е, сé е до разликите од личност до личност, до степенот до кој сите можеме да го истрпиме притисокот на времето и до способноста за организација на истото. Мора да побарате сатисфакција во вистинскиот живот надвор од работата. Како што финансов консултант не смее да стави сé на една акција така и вие не смеете да го ставите сиот емоционален влог во работата.

За тие, пак, што имаат семејство, не е исто да се биде вработена мајка и да се биде вработен татко (за сериозна кариера уште повеќе се гледа разликата). Мажот е секако главата на семејството, меѓутоа жената е вратот, жената е таа што ја движи главата, со што, автоматски, нејзините обврски се поголеми и кон семејството.

(Даниела 30) -„Мојот сопруг е одличен татко, ама тој ниту еднаш не бил отсутен од работа кога детето е болно (а тоа и не се очекува од него). И детето никогаш не го прашува зошто си доаѓа доцна, а јас секој ден треба да го издржам прашањето: кај си досега?

Со искрена цел да се постигне повеќе за семејството и пред сé за детето, некаде патем се губи целта - семејството.

А да не зборуваме колку работодавците мразат кога ќе им најавите дека ќе одите на породилно боледување од 9 месеци. Имам пријателка што ја изгуби работата поради тоа (едноставно и истече договорот и немаше шанса да потпише нов). Вакви работи не им се случуваат на мажите кога треба да создадат семејство, нели?

Никогаш не знаете што ви носи животот, некогаш сте горе некогаш сте долу...така што нема смисла да дозволите новата позиција, новата љубов, новата работа да ви го смени целосно животот, да заборавите кои сте, да заборавите на старите пријатели, да се запоставите себеси и сл. Сепак, зависи од вас како ќе си испланирате и како ќе си го поделите времето за да можете да им обрнете внимание на сите, па и на себе и никој да не се почувствува запоставено.

Само никогаш немојте премногу да се обвинувате за изборот што сте го направиле. Запомнете, вашите одлуки секогаш ви служат вам, сé додека не одлучите да ги промените.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?