
Иако е научно докажано дека мажите повеќе преферираат секс за една вечер отколку жените, сепак тоа не значи дека и жените воопшто не го практикуваат. Тоа е така бидејќи, жената како жена, не е адаптирана на овој вид секс. Доколку беше обратно, жените немаше да се жалат дека се искористени од страна на мажите.
Добро е познато дека жените сакаат само да водат љубов и дека тоа што го правот во креветот, го прават од чиста љубов. Тие сметаат дека емоциите се неизбежен дел од чинот. За мажите, пак, се знае дека може да ги одвојат тие две работи и да спијат со личност за која немаат никакви чувства.
Доколку сте подготвени за секс за една вечер....
Доколку сакате да имате секс со некој згоден тип, разумот треба да се тргне настрана. На мажот не му е никаков проблем да стане и да си отиде по сексот. Ние жените премногу се оптоваруваме со глупости. „Ми рече дека сум супер... дека сум убава....дека имам топ-тело.... дека сексот со мене му бил најдобар досега, а тоа води кон го имам неговиот број, дали да му се јавам, да не испадне дека го молам да се видиме..."Глупости!
Самите паѓаме во своите замки. Доколку сакате секс за една вечер, не смеете да паднете на ниту еден од овие зборови или, пак, да си поставувате прашања од типот „Што ќе беше ако беше?" Можеби во малите градови ситуацијата е поинаква , но во големите градови, метрополите во светот, жените почнуваат да излегуваат на места каде што се собираат тие што сакаат секс за една вечер. Бројот на жените што таму се појавуваат воопшто не е за занемарување.
Како да знаете по сексот дека нема планови за вас...
Доколку по сексот тој се однесува нејасно и вели дека во наредниот период ќе биде презафатен со работата или дека ќе оди на пат, тогаш повеќе од јасно е дека сексот кој сте го имале истата вечер со него е прв и последен. Исто така, дека сексот со него бил само за таа вечер може да ви покаже и тоа ако тој не го побара вашиот број или не ви го дава својот. Доколку не зборува за вашите идни планови и не планира да се видите по неколку дена или наредната недела, соочете се со реалноста и продолжете понатаму.
Ако, сепак, по сексот кај вас се појават чувства, обидете се....
И обајцата сакавте исто нешто, тоа и го добивте, но чувствата почнаа да реагираат. Доколку сте во неговиот стан, одете до бањата, средете се, облечете се и како ништо особено да не се случило заминете велејќи му: „Убаво си поминав, се гледаме". За да успеете да го придобиете, мора да бидете истрајни во намерата. Запомнете зошто сте биле таму - да се забавувате, така ќе ви биде полесно да заминете без да се свртите. Тогаш мажот нема да може да го прифати фактот дека веќе утре, по сексуалниот однос, вие нема да имате желба да му се јавите за да се видите, туку ќе продолжите по својот пат како и тој. Ма нема шанси! Коса му се крева уште од самата помисла дека го „искористила" жена. Бидете истрајни во намерата и ќе си го добиете своето!
.gif)






















.gif)
























