
Кај некои девојки, лошото расположение се совпаѓа со одредени фази во менструалниот циклус. Исто така, честа појава е да ве „нападне" лошо расположение во одредена доба од денот. Сите понекогаш сме тажни, потиштени или лошо расположени. Понекогаш ја знаеме причината, а понекогаш ни се чини дека (не)расположението едноставно дошло онака, од никаде, од ништо ... Но, ако му се препуштите на лошото расположение на подолги патеки, тоа не е пријатно и не е корисно. Еве неколку женски совети за подобро расположение:
1.Излезете со пријателите
Бидете со луѓе што умеат да ве насмеат. Оној бар за кој пријателките постојано ви кажуваат... Новиот диско-клуб во центарот на градот... Местото каде што се собираат сите колеги по завршувањето на работното време... Кафулето покрај кое поминувате одејќи кон дома. Каде и да е, одете таму. Излегувајте, не седете дома, бидејќи само така ќе успеете да се расположите и да ги оттргнете оние мисли кои прават вашето расположени да оди во надолна линија.
2.Заталкајте со мислите
За да ја обновите резервата со енергија, во времето кога ќе правите пауза за ручек, седнете во парк или некое кафуле со убав амбиент и препуштете им се на убавите мисли. Заталкајте со мислите така што ќе замислувате како шетате по некоја мирна плажа или се наоѓате на некое прекрасно планинско место каде уживате во планинската идила сами или заедно со својот партнер. Талкањето со мислите претставува ментален годишен одмор, го отпушта телото и ги обновува клетките во мозокот.
3.Одете на шопинг
Понекогаш и самите на себе треба да си даруваме по нешто, бидејќи поклоните секогаш не веселат. Да, одете на шопинг. Влезете во вашите омилени продавници и купувајте: облека, чевли, секси долна облека, било што од што ќе ви порасне самодовербата и ќе ве насмевне или расположи за момент. Купете ги оние работи, кои што сте ги посакувале, но никогаш не сте го направиле тоа, а потоа навистина облечете ги. Дури и ако не одите никаде, облечете нешто ново и чувствувајте се убаво во тоа.
4. Слушајте гласна музика
Истражувањата покажале дека ритамот ви овозможува со сигурност да ја намалите напнатоста на мускулите, а сето тоа има врска со расположението. Значи, кога сте лошо расположени, навалете на музика со ритам! Слушајте поп, соул и фанк музика. Пуштете ја најгласно што можете во вашиот дом и дозволете и да ве понесе. Замислете се дека сте силна, моќна, прекрасна жена.
5.Фантазирајте со романтична книга
Романтичните книги се многу повеќе сензуални отколку романтичните филмови. Одете до некој книжара и купете си романтична книга со која, во текот на попладневните часови ќе им се препуштите на фантазијата и на убавите љубовни мисли.
.gif)






















.gif)
























