
Можеби ако се пожалите некому, ќе ви биде полесно и ќе ви одржи предавање за тоа како треба да бидете благодарни што сепак имате работа, за разлика од многумина што седат дома. Можеби тој што ве советува е во право, но не е лесно да се поминат цели осум часа на работното место, особено ако тоа е многу здодевно.
Ако ве прашуваат вас, сигурно веднаш би го смениле работното место, но немате каде на друго место. Додека чекате да ви се укаже подобра можност, потрудете се да внесете позитивна енергија во себе и во својата работна околина. Следете ги советите што ви ги нудиме и ќе успеете да го извлечете максимумот од вашето работно место:
Направете промена на работната околина..
Погрижете се околината во која го поминувате целиот ден да не ви го загрозува здравјето и да уживате во пријатни глетки додека сте таму. Рамките со слики, цвеќињата и интересните ламби може да го поправат расположението додека сте на работа. Преуредете го распоредот на предметите во својата канцеларија, употребете ја својата креативност. Така ќе постигнете канцеларијата да биде интересна за вашите очи.
Комуницирајте со колегите...
Друштвеноста може да ви помогне и со односите на работа. Па затоа, наместо да се закотвите на столот и оттаму да ги критикувате сите постапки на шефот, размислете како да се унапредите во работата и предложете им неколку нови идеи на претпоставените. Не запоставувајте ги и помладите колеги, помогнете им да се снајдат во работата, нормално, ако тоа е потребно.
„Одлепете се" од компјутерот...
Лекарите советуваат дека и покрај тоа што, законски, на секого му следува получасовна пауза, сепак пожелно е да се тргнете од столот и компјутерот барем на секој половина час. Така ќе ви се одморат очите, но и рацете. Тоа нека биде кратка пауза од 2-3 минути, едноставно малку да се размрдате. Најверојатно не сте ни свесни колку пати ги правите истите потези, особено ако работите со тастатура и со маус кои ги заморуваат зглобовите и мускулите.
.gif)






















.gif)
























