rabota2Работа барам, работа нема!
Не очајувајте! Сигурно постои човек кој го цени квалитетот, а не врски или партиja.
najuspesnaСамо небото е граница: Станете најуспешната!
Родени сме да бидеме најдобри што можеме и да го искористиме максимумот од животот.
sultana1Принцезата Султана: Ахх ние неблагодарни жени...
Престар ни е автомобилот, лош партнерот, работата напорна, а кои права ги имаше Султана?
se_misli_dali_da_se_javiЗошто не ми се јави?
Колку пати до сега сте го поставиле ова прашање? Не трошете нерви, тој губи.

Што кога светот ви се урива?

blood

Имате прекрасен живот, партнерот ве обожава, имате одлични пријатели кои ве почитуваат и ве сакаат...но, одеднаш од небесните височини трескате на земја: вашиот партнер ве изневерил, на работа ви е хаос поради што може и отказ да заработите, пари нема...Дали вашиот свет пропадна? Нормално дека НЕ! Во деновите на криза и очај, повеќе од секогаш, мора да научите како да се изборите за себе и да станете посилни. Ние ве советуваме како да се справите со проблемите:

1.„ОНОЈ ВИСТИНСКИОТ" ВИ РАСКИНА

Навистина е тешко е да се биде оставен, особено кога верувате дека сте во врска со некој што е добар за вас. Но, ако е така, тогаш тој ќе беше со вас и немаше да биде бивши. Мора да се соочите со прекинувањето на врската и да ги преболите емоциите кои секојдневно се множат, но исто така, мора да знаете како да ставите крај на тоа поглавје од животот. Не ви останува ништо друго освен да го преболите партнерот и да преживеете. За почеток обидете се да мислите на нешто друго, а не само на тоа како тој ве оставил. Ако така ви е полесно, одвојте малку време во денот кога ќе се сетите на заедничките спомени и ќе се изнаплачете,  но не дозволувајте по цели денови да го правите тоа. Концентрирајте се на нештата што ги сакате, некое хоби, нешто што навистина ве исполнува, па со текот на времето ќе ви биде полесно. Но никако не смеете да помислите дека најлесно ќе го заборавите ако му скокнете во креветот на некој друг кој сте го запознале во барот додека сте ја „убивале" тагата. Бидејќи по тоа ќе бидете уште понесреќни. Нема ништо друго освен себично да си се посветите себеси, да си угодувате, и така, малку по малку, да заборавите и да преболите.

2.ПРИЈАТЕЛКАТА ВИ ГО ЗАВРТЕ ГРБОТ

На повеќето од нас пријателите им се важни исто како и семејството. Затоа ваквата состојба може многу да нè разочара. Ако некогаш дојде до тоа вашата пријателка да ви го заврти грбот кога ви е најпотребна, можеби некој што најмногу може да ви помогне е вашиот заеднички пријател. Нему секогаш му се достапни информации за секоја од вас. Можеби во нејзиниот живот се случува нешто што не знаете или постои нешто во врска со вас кое таа не може да го поднесе. Што и да е, исфрлете ја идејата за одмазда и размислете дали сакате да ѝ дадете втора шанса. Побарајте објаснување и разговарајте искрено.

3. ДОБИВТЕ ОТКАЗ

Ни случајно немојте да се врткате наоколу како претепано куче и да плачете врз својата „несреќна судбина". Секако дека имате право да бидете разочарани, но не и да ја изгубите надежта. Во секој случај, подобро ќе се соочите со проблемот ако не дозволите да ве обземе чувството на загубеност. Ако дозволите да ве совлада депресијата поради тоа што сте ја изгубиле работата, така само ќе ја замаглите можноста за реално согледување на состојбата. Што и да е причината за вашиот отказ, не очајувајте. Ваквата ситуација е одлична можност да се прашате дали вашата кариера се движи по насоката што вие ја сакате. Размислете и откријте го вистинскиот пат за себе. Можеби на крајот ќе заклучите дека отказот е најдобрата работа што ви се случила во животот. А и нема да бидете први!

4. СОСЕМА  СТЕ БЕЗ ПАРИ

Само колку да знаете, не сте вие единствените во светот, а има и полоши. Начини за финансиско закрепнување и излез од кризата има повеќе. Обидете се да побарате помош од банката чија кредитна картичка користите, но бидете внимателни, не барајте го тоа што не можете да го вратите - банките постојат благодарение на тие што немаат пари. Пронајдете ја дупката во џебот. Запишете си ги сите трошоци, а потоа размислете од што можете да се одречете. И немојте да мислите дека малите работи не се бројат.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?