
Пристапот на мажите кон врската е далеку поинаков од оној на жените. Тие не се оптоваруваат со ништо, поотпуштени се и не употребуваат никакви стратегии. Жените, пак, потешко ја прифаќаат нивната незаинтересираност и самостојност. За таквиот пристап жените им завидуваат на мажите бидејќи, пак, од друга страна, жените се постојано оптоварени со тоа како да го најдат совршениот маж за себе и како да го задржат. На почетокот на секоја врска сè функционира совршено, но со време жените стануваат незадоволни, поставуваат премногу прашања и ја губат самодовербата. Тоа е почетокот на крајот за која е крива жената и нејзината несигурност. Еве некои од грешките што жените ги прават во врската, а со тоа прават нивниот однос да биде покомплициран:
Глумите...
За да го задоволите својот партнер, се доведувате во ситуација да се однесувате поинаку, односно да се правите дека сте нешто што не сте. Со тоа сметате дека ќе го привлечете неговото внимание и тој ќе падне на вашите глупости, поради што ќе остане ваш засекогаш. Но, немојте да мислите дека ваквото однесување не се познава дека е вештачко. Тој што гледа од страна најдобро го гледа тоа. Ова однесување е многу погрешно и може само да го оттргнете партнерот од вас. За да го привлечете, едноставно бидете си свои и не заморувајте се со тоа дали ќе ве засака или, пак, со секој потег што ќе го направите да се прашувате дали тој е вистинскиот потег и дали ќе му се допадне. Едноставно бидете тоа што сте.
Прерани емоции...
Немојте уште на самиот почеток на врската да му давате до знаење на партнерот дека сте лудо вљубени во него и да му правите сериозни муабети за вашата заедничка иднина. Така само ќе успеете да го исплашите и веројатноста е голема тој да ве напушти. Ако се поставите на овој начин кон новиот партнер, тоа може да звучи многу очајнички, а никако секси. За да го привлечете, оставете го малку да се потруди околу вас, сепак не претерувајте со правењето недостижна.
Сакате да го смените...
Најголемата грешка на жените е што обично се врзуваат за мажи кон кои имаат силни чувства и привлечности, поради што пристапуваат кон тоа да го трпат нивното лошо однесување, сè со цел да го задржат. Не постои жена која не сака да го смени својот партнер барем во нешто. Без разлика дали е во прашање облекувањето, навиките, односот....но сè е залудно. Нивните, природа, карактер и воспитувањето, кои ги добиле уште од малечки е невозможно целосно да се искоренат.
.gif)






















.gif)
























