
Многу често ви се случува да ве надвладее неконтролиран бес, а понекогаш тој е толку голем што ви доаѓа да си ја удрите главата од ѕидот и да искршите се околу себе. Лутината е потполно нормална и здрава емоција. Така велат. Но кога ќе излезе од контрола, таа се претвора во бес и станува деструктивна, наметнува проблеми на работното место, во односите со луѓето и во животот воопшто. Како да внесете самоконтрола и да се смирите, пред бесот да ве нападне? Секој сам може да си помогне! Еве како:
1. Започнете да се занимавате со нешто кое ќе ја подигне вашата самодоверба
Добро ќе ви дојдат било какви телесни вежби, а можете да пробате и со кик-бокс или пак некоја друга боречка вештина. Секако, многу добро решение е и да се занимавате со било каква креативна активност.
2. Соочувајте се со другите
Пробајте светот да го гледате од перспективата на другите луѓе. Ако сте премногу исфрустрирани, пробајте за да се гледате со очите на другите луѓе. Можеби така ќе си помогнете да ја сфатите нивната перспектива.
3. Размислете за однесувањето кое ве вознемирува
Запрашајте се дали туѓите забелешки се премногу злобни или вие само погрешно ги толкувате?Несигурната самодоверба е честа причина за погрешно толкување на туѓото мислење.
4. Дружете се со позитивни луѓе
Поминувајте го своето време со луѓето со кои можете отворено да разговарате за своите проблеми и фрустрации.
5.Најважно! Соочете се со себе или побарајте помош од психолог
Кога ја анализирате ситуацијата која ве довела до лудило, пробајте да бидете објективни. Воздржете од изјави како на пример: "Секогаш луѓето оставаат на мене, јас да им ги завршам обврските „или“ Јас сум секогаш црната овца. Ако навистина така размислувате, пробајте да се вратите наназад, од самиот почеток. Дали бесот кај вас се крие уште од детството или за тој да се појави, причина е лошата врска со партнерот. Бесот кој се манифестира, често се случува да биде реакција на некоја дамнешна неправда која не сте успеале ја решите.



















































