same1Парови облечени во тон: За или против?
Вие да му диктирате која боја да ја стави на себе зарем не е удар по машкоста?
jasСе што си посакувам!
Грабајте по најдоброто секој нов ден, недела, месец и година.
oganБеа како оган и вода
Почетокот розов, но како поминуваше времето овие две крајности не можеа да најдат заеднички јазик.
tantra_orgasm_1Оргазам во тантра-сексот
Добре дојдовте на третиот час по тантра-секс. За почеток ќе направиме едно мало повторување.

Треба ли да ја признаете бројката?


relaxed_couple

„Напумпајте” го неговото его и вашата слатка мала тајна ќе остане само ваша

Ако мажот спие со многу жени тогаш тој е фраер, а ако жените спијат со повеќе мажи тогаш таа е „лесна девојка“. Стереотипите и предрасудите се дел од наследниот инвентар, колку и да сме сигурни дека тоа не вреди. Па баш затоа, таа глупава поделба на фраери и „лесни девојки“ е широко распространета.

Вистина е дека денешните жени уживаат во поголема сексуална слобода отколку некогаш. Во време на online пријателствата и сексуалните помагала во сите големини, бои и форми, жените многу добро знаат што сакаат и како тоа да го добијат. Ако сме доволно еманципирани да уживаме во сексуалниот оргазам, зошто тогаш ни е толку тешко да зборуваме за бројот на сексуалните партнери?

Како размислуваат мажите?

Мажите често имаат двострани стандарди. Совршено им е нормално секаде да се фалат за своите љубовни потфати, но не сакаат да го чујат истото од нас. Многумина од нив и понатаму живеат во црно-бел свет, а се повикуваат на онаа идеална јинг-јанг жена за нив: светица и проститутка, домаќинка и љубовница, проста и паметна....

50:50

се шансите дека ќе ја прифати вистината


 

Како размислуваат жените?

Логично е жената која има импозантна бројка на трофеи од спротивниот пол, да се грижи дека ќе биде осудувана. Но, зошто и оние другите, чии трофеи можат да се избројат на прсти, не се чувствуваат добро во сопствената кожа. Дали се плашат од осудување или можеби едноставно сметаат дека ќе ги заборават своите сопствени сексуални вештини. Сите добро знаеме дека повторувањето е мајка на знаењето. Но ова повторување може, и тоа како, квалитетно да се изврши и на веќе познат терен, со еден маж, зар не?

Што ако тој инсистира да му ја кажете бројката?

Мажите сакаат да се фалат со своите љубовни достигнувања од истата причина поради која ние ги премолчуваме. Несигурноста. Можеби навистина треба да размислиме дали да ја кажеме вистината. Или елегантно да ја заобиколите темата со некое друго прашање кое нема апсолутна врска со моменталниот разговорот. Зошто да си уништувате нешто убаво поради прашање на кое не можете да дадете точен одговор, туку само погрешни одговори. Шансата дека тој ќе ја прифати вистината е пола-пола.

Но што ако тој инсистира на одговор? И тоа конкретен. Директното прашање може кај нас жените да створи чувство дека немаме друг избор освен да одговориме на прашањето. Но, не мораме. Можете на ова да му се спротивставите со контра прашање од типот: „А зошто тоа воопшто те интересира“? На тој начин ќе ставите точка на таа тема.

Секогаш можете да се извлечете ако се наоружате со тешката женска артилерија како на пример, најнежната насмевка и приказната дека ниту еден маж досега не ве задоволил како тој што ве задоволува - тој е дефинитивно најдобриот. Еден и единствен. И сите ќе бидат среќни. Вие него му го „напумпавте“ егото и либидото, а вашата слатка тајна ќе остане само ваша.

Сепак веруваме дека на оној „вистинскиот“ нема да му биде важно дали е прв или триесетти. Тој ќе сака само едно - да биде последен!



 
Unique-avgust

Error: Any articles to show

11-02-2012
News image

Мисионерска во вис. Инструкции: започнете со стандардната мисонерска поза, тој врз вас. Во текот на сексот предложете му да се крене ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)