maz_i_zena_se_gledaat_i_pravat_cudni_faciШто не смее да се јаде на состанок
Неколку јадења што треба да ги избегнувате додека сте на состанок.
na_rab_so_slusalkiСе вљубивте во колега?
Што вели вашиот хороскопски знак кога станува збор за чувствата кон колегата?
maz_flertuva_so_zenaЗошто треба да ја скриете прељубата?
Кои се причините зошто на партнерот не треба да му признаете дека сте го изневериле?
srameСурови говорници, нежни љубовници
Комплиментите се ендемски вид во нивните разговори, а пак емотивните изливи.

Зошто жените почнаа да се палат на вампири?

edvard_and_bella

Љубовта на Edvard и Bella нека биде пример за вашата безусловна љубов

Одговорот е јасен. Бидејки сите сонуваат за вечна љубов! Но дали постои вечната љубов? Книгите на Stephenie Meyer, The Twilight Saga, кои од 2008 година почнаа да добиваат своја адаптација на филмското платно, ни сведочат за вечната и искрена љубов помеѓу обична девојка и преубавиот вампир, која ние жените толку многу ја посакуваме.

СОН ЗА ВЕЧНА ЉУБОВ...
Откако ги прочитав 4-те книги и ги гледав првите два дела кои веќе се адаптирани на филмското платно (третиот дел моментално се снима), повеќе немам никаква желба да бидам дел од реалниот свет. Што и да правев претходно, повеќе не ме интересира. Ги исполнувам само оние должности што морам да ги извршам и тоа е тоа. Нека ме утеши некој и нека ми каже дека таа опсесија ќе престане. Целосно сум обземена - ни напиша во писмо нашата читателка Ивона, која не е зависник ниту од дрога ниту пак од чоколадо, туку од желбата и таа да ја добие својата вечна љубов.

ДАЛИ ПОСТОИ ВЕЧНА ЉУБОВ?

Индивидуално е мислењето за тоа дали постои вечна љубов или не постои. Некој ја има доблеста да може некого вечно да сака, некој ја нема. Ние сметаме дека постои вистинска љубов што повеќето ја имале или ќе ја имаат во својот живот, онаа со која потонуваме во сон, се будиме со неа, секоја секунда од денот ни ги опседнува мислите, секоја мисла ни мами насмевка, не восхитува, не издигнува до невозможни височини, ни дава сила и храброст да живееме во некој трета димензија...и колку и да сакаш или не сакаш, таа е секогаш тука околу тебе, можеби притаена во некој скриен дел од срцето или душата...но секогаш е тука, пак и пак и пак...постојано не следи цел живот.

Љубовта треба да се храни постојано за да опстане. Во спротивно ќе исчезне. Кога го изговараме зборот „љубов“, повеќето од нас ги асоцира на пар нежна прегратка или размена на нежни зборови и бакнежи, прошетка во паркот и слично. Но, дали некогаш сте се прашале дали е можно да се поминат 30 години заедно и да се биде заљубен во другата половина исто како и првиот ден? Постојат луѓе кои велат дека тоа е невозможно. Потребно е да се сфати дека љубовта се менува со нејзините степени, но тие промени не треба да се сфаќаат како бледеење на љубовта, туку треба да се разбере дека љубовта е жива материја -таа се менува, собира искуства, што не ја намалува нејзината вредност. Многу пак сметаат дека само заљубеноста e правата љубов. Паметните луѓе велат дека љубовта е она што останува после заљубеноста.

САКАМ ФИЛМОТ ДА СТАНЕ МОЈА РЕАЛНОСТ...
The Twilight Saga ми дава надеж дека можеби постои свет во кој совршениот маж не е само сон, свет во кој љубовта ги совладува сите препреки, каде незабележливата и запоставена девојка со добро срце може да го добие наубавото момче и каде што можеме да живееме засекогаш со оној кој го љубиме - ни напиша Андријана, наша редовна читателка.

ВЕЧНИОТ ЖЕНСКИ СОН

Вампирите во Twilight не потсетуваат на она што се векови се крие длабоко во нашата потсвест, а понекогаш не враќа и во минатото...на оној постојан традиционален женски сон за вистинските мажи кои ќе се постават заштитнички кон нас, кои ќе се грижат за нас и ќе бидат внимателни во секој поглед, сон во кој се испреплетуваат неговата посветеност и грижливост и нашата можност да бидеме свои, комплетни личности, каде не мора да правиме ништо посебно-само да го освоиме неговото срце. Тој сон не умира лесно, исто како и вампирите кои и денес „одат меѓу нас“.

quote-startКога сите страсти ќе се смират и кога ќе сакате некој затоа што постои, бидејќи е роден за вас, бидејќи е најдобриот пријател за вас, љубовник кој едноставно го сакате, ќе направите се за него, и знаете дека тој ќе биде секогаш покрај вас, и во добро и во зло, тогаш ќе бидете сигурни дека сте ја нашле вечната љубов.quote-end



 
Unique-avgust

Error: Any articles to show

11-02-2012
News image

Мисионерска во вис. Инструкции: започнете со стандардната мисонерска поза, тој врз вас. Во текот на сексот предложете му да се крене ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)