
Уметноста на учење на делата на љубовта е во тоа да се обидете безусловно да сакате, не барајќи ништо за возврат
Способноста за комуникација која толку често се истакнува како предност кај луѓето, многу често во љубовните врски е главната пречка и корен на многу проблеми. Љубовниот јазик може да го научи секој, но само треба сака, гледа, слуша и учи. Па ајде да ги проучиме основните јазици на љубовта:
УБАВИ ЗБОРОВИ
Комплиментите се моќен показател на љубовта. Способноста за давање комплименти бара чувство на гледање на светот од перспективата на вашата сакана личност. Во тоа всушност и лежи тежината на оваа задача. Најдобро се изразуваат со едноставни, јасни и слатки изјави, бидејќи поентата на љубовта не е да добиете нешто што вие сакате, туку да направите нешто за оној кој го сакате.
Затоа запомнете што му е важно на вашиот партнер. Секогаш делете ја тагата, лутината, бесот и незадоволството подеднакво како што ја делите и љубовта. Разговорот ја враќа изгубената блискост, па затоа е и неизоставен на патот на љубовта.
ВРЕМЕТО ШТО ГО ПОМИНУВАТЕ ЗАЕДНО
|
Љубовта е најпосакуваното, а воедно и најпрезираното човечко чувство. Мало грутче кое едноставно не сака да излезе од нашите души. Бесценето прашање кое никогаш не било одговорено.
|
Под квалитетно заедничко време се подразбира неподелено и концентрирано внимание. Со разговорот, гледањето во очи, одењето на прошетка и споделувањето на вашите интереси и навики можете да го постигнете тоа. Блискоста е нешто што се стекнува и создава низ квалитетно поминатото заедничко време, а меѓусебните разговори се најдобра вежба. Слушањето е многу важна вештина во совладувањето на јазикот на љубовта.
ПОДАРОЦИ
Стручњаците велат дека луѓето почнаа да ја забораваат суштината на подарувањето. Не е важна вредноста на подарокот, важна е пораката „мислам на тебе“. Подароците се директно поврзани со слушањето и со времето што сте го поминале заедно, бидејќи доколку немате квалитетно заедничко време и не слушате што партнерот зборува, секогаш ќе имате проблем да изберете подарок.
ДОПИРИ
Држењето за рака, бакнувањето и сексуалниот однос се начини да се изрази љубовта. Сите допири не се исти и не предизвикуваат секогаш иста реакција, па затоа истражете го телото на вашиот партнер бидејќи тоа ќе биде вашиот најдобар водич. Препознајте го вистинскиот момент, послушајте го телото, следете ги гестовите и реакциите. Допирите се посебно важни во некои критични ситуации, односно кога вие или вашиот партнер се соочувате со проблем, искушение или загуба.
ДЕЛА
Љубовта треба да ја давате искрено, бидејќи не можете да ја барате. Желбите и даваат насока на љубовта, а барањата ја гушат. Да се научат делата на љубовта понекогаш значи и менување на стереотипите, на пример машко- женските улоги, па токму заради тоа ова е и најтешкиот дел од јазикот на љубовта. Но уметноста на учење на делата на љубовта е во тоа да не мерите кој за кого колку направил, туку да се обидете безусловно да сакате, не барајќи ништо за возврат.







































