
Не очекувајте другите да ве ценат, ако вие не се цените себе си!
Дали некогаш сте биле во близина на жена која едноставно зрачи со сензуалност и сте посакале да бидете како неа? Многу од жените мислат дека за да бидат сексуално привлечни мораат покрај себе да имаат маж. Нормално дека не е точно. Најдобриот пат за да станете неодолива е да успеете да ја откриете својата сексуална природа...
БИДЕТЕ СИГУРНИ ВО СЕБЕ
Правиот пат до сензуалноста нема да го најдете доколку цело време се прашувате: „Дали јас сум воопшто секси?", туку ако си потврдите: „Да, јас навистина сум секси!" Се работи за уживање во своето тело кое можеби не е совршено, но сепак е здраво и убаво...и ваше.
Пробајте следниот ритуал да ви прејде во навика: по туширањето, кожата намачкајте ја со некое убаво миризливо масло и уживајте во допирите и набљудувањето на своето тело во замаглениот тоалет. Ќе изгледате заносно. Не се гледајте под лупа. Убави сте. Или, како што еднаш рече една искусна дама: никогаш повеќе нема да изгледате добро како денес.
Прифатете дека сте прекрасни однатре, сакајте се себе си и тоа ќе се рефлектира и однадвор. За да бидете неодоливи не мора да бидете идеални. Истакнете ги доблестите, а насмевката немојте да ја симнувате од лицето. И најважно е да БИДЕТЕ ПРИРОДНИ.
ЗРАЧЕТЕ
За да ги испратите сексуални сигнали на околу, прво морате да му ги испратите на своето тело. Секое утро вежбајте - држење на телото и став.
Ако сакате вашиот став и држењето на телото да бидат одлични, тогаш направете ја вежбата „мачка". Застанете на „сите четири", рацете наместете ги во линија под рамениците, а колената во линија под кoлковите. Земете длабок воздух и грбот свиткајте го во лак исто како мачките, потоа испуштете го воздухот, а со тоа спуштете го и грбот. Оваа вежба повторувајте ја секој ден по неколку пати.
СЕНЗУАЛНО СПИЕЊЕ
Исфрлете ги развлечените стари маици во кои спиете, распараните кратки пижами и набавете убава ноќница, пижама и baby doll и чувствувајте се секси под покривката, дури и ако не ја делите со никого. Ќе се спријателите со своето тело и ќе бидете поотпуштени тогаш кога во креветот ќе имате друштво. Колку повеќе сте во добри односи со своето тело, толку повеќе ќе бидете заводливи за другите.
.gif)






















.gif)
























