
Ти си само обичен смртник, како и сите останати...
Во редакција ни стигна мејл од читателка што отсекогаш се прашувала како девојките може да се справат со градските фраери. Темата беше доволна провокација за да замолиме неколку девојки отворено да зборуваат како тие би постапиле. Ги чекаме и вашите коментари и предлози што можеби некогаш сте ги искусиле или едноставно сте ги чуле.
NOT FOR MEN СОВЕТ:
Наш совет е дека треба да го занемарите статусот ФРАЕР. Без оглед на тоа дали веќе се знаете или се уште собирате храброст да му пријдете, потрудете се од главата да го избришете фактот дека пред вас стои најпосакуваниот дечко во дискотеката. Да, ова не е едноставно да се направи. Ќе треба максимално да ги искористите вашите актерски способности и способноста да ја менувате реалноста во вашата глава што сепак сами ја креирате. Но, ако навистина ви успее да влезете во ноншалантниот филм и ако во вашите очи пишува: „Ти си само обичен смртник за мене како и сите останати", тогаш несомнено сте ја исполниле целта. Ќе му влезете како трн во око, нема да може да си објасни како една „просечна девојка“ не паѓа на неговиот шарм. Кутриот ќе почне да се преиспитува дали навистина е загрозена неговата положба во женскиот свет - до овој степен треба да си поиграте со неговиот ум. Тоа е исто како да успеете да убедите некого дека сте се чуле претходниот ден, иако во неговата листа на received calls, никаде не фигурира вашиот број.
ЕВЕ ШТО КАЖАА ДЕВОЈКИТЕ:
Мери Џајковска
Што убаво ми почна работниот ден со „Спуштање Фраер"... Што би направила? Би била јас - јас, ладнокрвна до максимум, понекогаш без влакна на јазикот, ќе го задавам со либерални сфаќања, а најважно од се мислам дека би му кажала: „Последните извештаи кажуваат дека воздухот е се позагаден...внимавај на своето здравје додека можеш...ние на ЗЕМЈАТА дишеме колку толку почист воздух!"
Даниела Чачевска
ДЕФИНИЦИЈА ЗА ФРАЕР = се лигави со едно пиво цела вечер, мисли ако влегол со гратис се знае со сите, а всушност е лузер што си иде дома со такси. Решението е едноставно, би го понижила пред неговите другари за неговата машкост.
Зорица Арсиќ
Спуштање на земја??? Па евентуално да го спуштиш како што кажа Даниела, нешто поврзано со машкоста. Низ муабет би изјавила дека собирам пари да му платам за екстензија на неговиот полов орган бидејќи не задоволува како што треба. Друг начин, за да ги вознемириш мислам дека не постои. Или може на пример, се што НЕ е тој или НЕМА, индиректно да го споменам. На пример, би му зборувала за мојот најдобар другар или колега за тоа колку е тој посакуван и перфектен поради тоа што го поседува и од материјален аспект и како личност. Несомнено дека типот ќе се спушти на земја знаејќи дека тој не е ни 50% од човекот кому јас се восхитувам.
ЧЕКАМЕ НА ВАШ СОВЕТ!!!
Сакаме да го чуеме и вашето мислење за темата. Сигурно криете некоја тактика на која не се сетивме. Време е оваа женска дилема да ја направиме минато.
Елена Сековска
Најдобар начин да спуштиш некој е ладнокрвноста. Колку си поладен толку повеќе човек се понижува и бара начин да ти го привлече вниманието. Најболната точка на секој фраер е да не може да освои некоја девојка...затоа удри токму врз неговото его. Играј на картата IGNORE. Или можеш да си играш топло - ладно...ако сакаш малку да го збудалиш.
Андриана Попоска
И јас мислам како Елена, најдобро е да го понижиш за машкоста, да го игнорираш, на пример, со сите ти е забавно да се дружиш и зборуваш, само со него не. Колку и да се замислува ќе почне полека да се спушта на земја и ќе проба се за да го добие тоа што го сака.
Даница Паскоска
Ако некој те сака, спуштај кревај на земја...се е залудно. Тој е прифатен од некој круг на луѓе и нема да гледа кој го спушта на земја барем се додека има некој што се восхитува на тоа каков е - таков и ќе си остане. А се паѓа во вода како што кажа Даниела, кога ќе си отиде дома со такси. Јас на пример, преферирам вилушкар...







































