
Откако мажот кај жената ќе ги измери сите физичките атрибути, почнува да забележува и дел од нејзините карактерни особини
Мажите кај жените обожаваат најразлични физички атрибути и тоа е она што на прв поглед ги привлекува. Но мажите, верувале или не, ги забележуваат и личните особини. Откако мажот кај жената ќе ги измери сите физичките атрибути, почнува да забележува и дел од нејзините карактерни особини. Но секако не се сите особини привлечни за мажите. Според бројните истражувања, мажите најмногу сакаат убава насмевка, начитаноста и пристојното однесување кога се други мажи во прашање..
Стратегија : Научете нешто од сите области, за да можете да се снајдете во повеќе теми за разговор. Разговарајте за забави, политика, филмови, музика, славни личности, спорт, колку повеќе имате прочитано, гледано или слушнато, толку подобро за вас. Треба само една реченица од типот „Ја сакам Beyonce!“ - и тој ќе сака да помине повеќе време со вас.
Како да го изведете ова : Прочитајте ги актуелните вести во некој познат магазин или пак одвојте еден до два часа дневно да се информирате на интернет за се што мажите би сакале да чујат.
Што ќе помисли : Конечно, најдов интересна, начитана девојка, која ми зборува за работи за кои не сум чул.
Стратегија : Останете рамнодушни кога земјата ќе ја растресе некоја „бомба“ што ќе помине покрај вас. Така ќе му дадете до знаење дека сте стабилна личност и не се палите на секој згоден дечко со кој што ќе се разминете.
Како да го изведете ова : Тој нема да ве обвини поради тоа што сте погледнале. Но ваквата постапка го тера да ја наведне главата надоле кога вие ќе почнете да зјапате.
Што ќе помисли : Вие имате искуство со добро негувани и згодни момчиња за да бидете возбудени за еден „wanna be“ модел. Или па, уште подобро, преферирате мажи кои изгледаат дека имаат многу поинтересни работи отколку дотерување пред огледало по цели денови.
СЕКОГАШ БИДЕТЕ ВЕДРИ И НАСМЕАНИ
Стратегија: Бројни истражувања покажаа дека за мажите исклучително привлечна е женската насмевка. Мажите сметаат дека жената со насмевката покажува дека е отворена, весела и неоптоварена. Насмевката е секогаш секси!
Како да го изведете тоа: Секогаш кога ќе бидете во негово друштво имајте блага насмевка на лицето. Научете неколку интересни вицови или досетки и кажете ги пред сите за да го насмеете целото друштво вклучувајќи го и него. Но немојте да претерувате, затоа што истите можат да станат и досадни.
Што ќе помисли: Дека сте досетлива, интересна и ведра личност, која секој би посакал да ја има покрај себе за да му го направи животот поинаков и полн со позитивна енергија.



















































