21ljuboviseks

Креирајте љубовно катче!

Цвеќе, сатен, мириси, свеќи, романтична музика...тоа се само некои од елементите што мора да се најдат во вашата спална соба. Употребете некои од нив и ќе ја видите позитивната промена во својот љубовен живот. Без разлика дали сте во среќен брак или стабилна врска, никогаш не е лошо да направите нешто повеќе за вашата љубов. Почнете од спалната соба, бидејќи многу е важно во каков амбиент го поминувате времето со саканата личност.

РОМАНТИКА СО СВЕЌИ

canndles

Свеќите се оној детаљ што мора да го има во секоја спална соба бидејќи претставува елемент на разгорувањето. Лесно ќе ја предизвикаат страста во брачниот кревет. Покрај тоа, создаваат топла и пријатна атмосфера. За впечатокот да биде уште посилен, земете миризливи свеќи и ќе видите колку вашиот партнер ќе се изненади. Кога ќе ги избирате свеќите, водете сметка за бојата. Да речеме, црвените свеќи се идеални ако сакате да ја поттикнете страста, а се верува и дека свеќите со оваа боја штитат од зло. Исто така, ако во собата ставите и бели свеќи, ќе го постигнете вистинскиот ефект. Тие означуваат чистота и вистина, а одлично си одговараат со црвените, ваквата комбинација ја нагласува романтиката.

МИРИСИ ШТО ОСВОЈУВААТ

burning_incense

Мирисите, исто така, допринесуваат за создавање на романтична атмосфера во спалната соба. Тие дури можат да бидат и најмоќните афродизијаци. Мирисот на роза е одличен за поттикнување на љубовната желба, а секогаш можете да се послужите и со мирисот на миризливите стапчиња.

КОМБИНАЦИЈА ОД САТЕН И ЧИПКА

red_bed

Постелата од сатен нуди чувство на друга кожа и е исклучително секси. Изберете постела во боја, а ако сте навистина романтично расположени, тоа нека биде црвената боја. На прозорците ставете чипкани завеси и ефектот ќе биде целосен.

(0)

КОМЕНТАР

намали | зголеми

Коментирај на овие и слични теми на notformen форумот за девојки

busy

Слични текстови
Претходни текстови од категоријата

 
Банер
News image

Немирна пеперуга. За правилно да полетате мора правилно да се наместите. Прво, најдете место каде што ќе можете да легнете а, ... Повеќе

Facebook Fanbox 1.5.x.0
Forum-naslovna-najava-mala_03
b
Неделен хороскоп (26.07-01.08)
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
Галерија: Malandrino + FFAWN
Галерија: Malandrino + FFAWN
Колку редовно имате секс?
 

3600