
Ситните моменти се она за кое мажите секогаш се гладни, а тука не мислиме на секс!
Пред да ја започнеме денешната статија, имаме мала задача за вас.
ЗАДАЧАТА ГЛАСИ - дополнете го одговорот: Мажите се ненаситни за ......
Зошто се мислам дека вашиот одговор гласи: СЕКС. Епа девојки на жалост грешите...не дека мажите не мислат на секс, задници и гради 24/7, но во последното истражување се вели дека многу повеќе се ненаситни за некои ситници што вие ги правите несвесно.
Како што вие уживате да го задевате во јавност допирајќи го неговиот полов орган под маса бидејќи знаете дека ќе се вцрвени од срам...или уживате да го набљудувате додека чита весник бидејќи секогаш си игра со косата како мало дете... така и тие уживаат да се смешкаат гледајќи во позадина. Ваквите ситни моменти се она за кое мажите се секогаш гладни.
ДА ВЕ ГЛЕДААТ ДОДЕКА СТАВАТЕ МЕЈКАП!
Маскара, кармин, руменило...целиот несесер е непозната машка дестинација што често буди интерес. Тоа не значи дека копнее да ги употреби, но скоро да не постои маж што не сака да ја набљудува својата партнерка во моментите на разубавување.
Кога со девојка ми сум на одмор, го обожавам делот кога почнува да се стемнува...јас легнат на креветот се разладувам со пиво, а таа внимателно се шминка. Навистина ми се смешни фаците што ги прави додека нанесува маскара (инаку едно време мислев дека маскара е труска маска за лице). Ваквиот момент мислам дека никогаш нема да ми здодее.
Игор 27
ДА ВЕ СЛУШААТ КАКО ИМ ДАВАТЕ КОМПЛИМЕНТИ ПОД ИЗГОВОРОТ ДЕКА СЕ ШЕГУВАТЕ!
Нема поголема гордост за маж да чуе женски комплимент. Тие се на седмо небо дури и кога баба им ќе им каже: „Леле мојот внук колку убаво момче станало!" Затоа не срамете се да го пофалите и за најмалата ситница, тој буквално умира од желба да го пофалите (претпоставуваме поради тоа што само тој ве фали вас).
Бев излезен со девојка ми да си купам фармерки. Кога излегов од гардеробата да ме види, таа на цел глас коментираше: „ Ма каков Robert Pattinson, јас сум имала вистинско парче покрај себе!", ми намигна и двајцата се изнасмеавме. Сега знам дека не можам со тој вампирот, но знам и дека навистина и се допаѓав како изгледав, а тоа беше сосем доволно.
Владо 27
ДА УЖИВААТ ВО ТИШИНАТА СО ВАС!
Жените се поголеми брбливки...кога ќе настане молк, веднаш го прекинуваат ако треба и со најглупавиот муабет на свет. Едноставно молкот ги плаши и ги тера да драматизираат дека нешто се случува, дека нешто не е во ред. Но, сепак не било така.
После напорен ден на работа, нема поубаво од тоа да си седиш со девојка ти и да не правите ништо. Таа да си ги чепка ноктите, ти да си лежиш и да си свиркаш, а сепак да не ви биде непријатно и досадно и на двајцата. Штом го постигнеш тоа, значи си ја нашол вистинската.
Оливер 31
Слични текстови
- 03/03/2010 - Креирајте љубовно катче!
- 25/02/2010 - 3 најсекси женски особини
- 18/02/2010 - Успешно интервју за работа
- 13/02/2010 - Како да спуштите фраер на земја?
- 10/02/2010 - Сакајте се себе си!
- 04/02/2010 - 10 идеи што ќе ви го разубават животот
- 01/02/2010 - 3 клучни особини за успех
- 28/01/2010 - Како да се зближите со новиот партнер?
- 21/01/2010 - Мислете, зборувајте и дејствувајте со љубов!
- 14/01/2010 - Зошто жените почнаа да се палат на вампири?














