
Самодовербата е состојба на умот што може да се стекне со вежба!
Лесно кршливиот синџир на САМОДОВЕРБА се состои од седум клучни елементи:
1.Состојба на умот.
2.Физичката појава.
3.Стил.
4.Способност за слушање.
5.Волја.
6.Социјална пракса.
7.Финансиска стабилност.
За да постигнете 100 процентна самодоверба, мора да научите да ги имплементирате, набљудувате, адаптирате и балансирате сите овие седум елементи и тоа на дневна база. Доволен е само краток поглед на страна и се да се руши со изјавата: „Имам друга...не си мој тип!"
Ќе се согласите, заработувањето на самодовербата е макотрпен процес што не се случува преку ноќ. Но, од друга страна колку сте повисоко на скалата на самодовербата, толку повеќе ги зголемувате шансите за успех.
КАКО ДА ЈА ОСВОИТЕ САМОДОВЕРБАТА?
Многу е важно да сфатите дека сите седум елементи се подеднакво важни, заемно поврзани и треба да бидат подеднакво застапени.
Состојба на умот - заборавете на негативните мисли за тоа како само вие сте сингл. Сменете го ставот и речете си дека сте најсреќната жена на светот што има прилика да им се пушта на момците во град. Застанете пред огледало и зборувајте си со себе, на глас кажете дека вие сте среќна девојка со многу квалитети. Почнете да ги истакнувате само убавите работи на себе за така да ве доживуваат и останатите.
Физичката појава - изгледот можеби има најголемото влијание врз самодовербата , ова важи и за двата пола. Немојте да мислите дека мажите или супермоделите немаат комплекси. Но, фактот останува непроменлив, начинот на кој се доживуваме себеси е речиси ист со оној на околината. Затоа наместо да станувате депресивни поради големото чело или малите гради, почнете да ги истакнувате убавите очи што никогаш не поминуваат без комплимент. Во моментот кога ќе се прифатите онакви какви што сте и кога ќе научите да го засакате вашето тело, тогаш бројот на кандидатите рапидно ќе порасне.
Стил - можеби ќе се разочарате кога ќе чуете, но луѓето денес се ценат според облеката. Истото го правите и вие, само не сте свесни за тоа...инаку зошто го избегнувате симпатијата кога ќе налетате на него облечена во тренерки и без мејкап. Облечете ја вашата омилена комбинација, средете ја косата, нашминкајте се по вкус...само вака нема да се стегате и да трчате во тоалетот кога тој ќе ви пријде.
Способност за слушање - не значи дека тој што повеќе зборува има поголема самодоверба. Често пати е обратно, под дејство на нервоза луѓето трескаат неповрзани работи и не може да се сопрат од зборење. Никој не е расположен да слуша нечиј говор, оставете простор и тој нешто да каже. Вашите одговори нека бидат што пократки и јасни, во спротивно ризикувате да кажете нешто непланирано поради кои ќе се засрамите, а тоа е сосема доволно за да влијае на вашата одлука да излезете со него.
Волја - не значи дека ако имате самодоверба дека ќе ја имате засекогаш. Чувството на самодоверба е варијабилно, особено ако водите сметка за туѓото мислење. Доволно е да слушнете некоја негативна критика за себе за да паднете во депресија. Обидете се да не ги сфаќате туѓите навреди премногу лично, факт е дека не може да им се допаднете на сите луѓе. Покажете волја дека не е лесно да ве извадат од колосек.
Социјална пракса - дружењето со луѓето е проверен начин за зголемување на самодовербата. Не плашете се да разговарате со новите познаници. За почеток залепете една насмевка на лицето, следниот пат пробајте да кажете здраво, за на крај да се вмешате во разговорот. Најважно од се е да не ги избегнувате луѓето или уште полошо да правите селекција од типот: „Тој е преубав нема шанси да зборам со него!"
Финансиска стабилност - ова е можеби најневажната компонента, но сепак постои особено кај мажите. Денес се повеќе мажи се плашат да се најдат покрај поуспешна жена што заработува повеќе од нив. Но, ваквото влијание се чувствува и кај женскиот пол. Секако дека ќе бидете посамоуверена доколку не зависите од неговиот превоз за до дома или понудената пијачка.
.gif)






















.gif)
























